Во рамките на НУ Завод и Музеј - Прилеп постои и одделението за заштита, конзервација и реставрација. Тоа функционира следствено на предложени и тековни проекти за заштита на културното наследство. Самите проекти имаат посебни теми или посебни значајни поединечни предмети или групи на предмети од одреден историски период и различно дополнително значење во однос на оформените сознанија за научната сфера што ја опфаќаат. Се изработуваат и реализираат самостојни проекти за конзервација на културното наследство, како и заеднички проекти со соработка на стручни лица од сродни институции во државата. Во одделението тековно се третира целокупниот музејски движен материјал од керамика, метал, дрво, стакло, коска и др. од одделенијата за археологија, етнологија, историја и историја на уметност. Исто така работено е при поставувањето на постојаните изложбени поставки во Меморијалниот музеј “11 Октомври 1941”, Музејот за тутун и Меморијалниот музеј “Кузман Јосифоски - Питу” (заштитно конзерваторска обработка на изложените предмети). Активно се учествува на археолошки ископувања реализирани од матичната институција, но и на археолошки ископувања вршени од други установи (локалитет Стоби, локалитет Могила, битолско), како и во конзерваторски проекти за заштита на движен археолошки материјал: конзервација на метал од Завод и Музеј - Битола, реконструкција на керамика од локалитет Кале, Скопје и тн.
Се реализираат и повеќезначајни проекти за заштита на повеќе сакрални објекти - споменици на културата. Дел од резултатите од финализирани проекти и во однос на заштита и конзервација на живописот се евидентни во повеќе такви објекти: црквата “Св. Никола” во Варош, црквата “Св. Богородица” во село Костинци, Манстирската црква “Св. Никола” во село Слепче, црквата “Св. Никола” во село Зрзе и селската црква “Св. Ѓорѓи” во село Слепче.
Приодот кон заштитата и конзервација на живописот во сакралните објекти е различен и посебен заради спeцифичноста на неговите оштетувања и постоечките фактори што довеле до нив и состојбата во која се наоѓа самата основа и боениот слој, а со сигурните и докажани конзерваторски постапки се добиваат успешни резултати.
Соработката на одделението со истородни институции во државата е евидентно со реализирање на заеднички проекти: конзервација на живопис во црквата “Св. Богородица” Каменско во Охрид (соработка со Републичкиот завод за заштита на спомениците на култура - Скопје и Заводот за заштита на споменици на култура и Музеј - Охрид, конзервација на оружје и други предмети за трајната изложбена поставка во Музејот на Смилевскиот конгрес во село Смилево во соработка со Заводот за заштита на споменици на култура и Музеј - Битола.
Добар пример на таков завршен проект е ,,Конзервација на 25 икони (деисиз со апостоли) од иконастасот на црквата Св. Богородица во Манастирот Трескавец“, како и проектот за ,,Конзервација и реставрациија на Царските Двери од црквата Св. Никола с. Зрзе“, реализирани во соработка со стручна екипа од НКЦ Скопје.
Графички приказ на оштетувања (Деисиз со апостоли)
црква Св. Богородица од манастирот ,,Трескавец“, Прилеп
|
|
|
Графички приказ на оштетувања на Царските Двери
од црквата Св.Никола, с. Зрзе, Прилеп
Во изминатиот временски прериод беа реализирани и многу проекти со комплетен конзерваторски третман на археолошки наоди, селектирани од повеќе различни археолошки локалитети на кои што се вршат стручни истражувања и ископувања од страна на археолози и други стручни лица од НУ Завод и Mузеј - Прилеп. Истражуваните археолошки локалитети датираат од различни историски периоди како што се неолит, антика и среден век. Движните наоди можат да бидат предмети изработени од различни видови на материјал како и со различна намена: керамички садови, керамички култни предмети, жртвеници и амулети од глина, како и предмети направени од камен или од разни видови на метал.
Оштетувањата на најдените предмети, наслоените депозити од нечистотии и процесот на деструкција зависи од условите на објективното опкружување во кои бил пронајден самиот предмет,како и од структурата на самата средина со сите свои содржини кои делуваат на процесот на уништување.
Керамички сад со поголеми димензии, лок. Трештена стена
Фази на реконструкција и конзервација
Керамичките предмети се изработени од различни видови на печена, или полупечена земја, а некои се со обработена и финирана површина, а други со полугруба или сосема груба површина. Нивната намена опфаќа различни сфери од секојдневното живеење во време на конкретниот историски период.
Поголем број се култни предмети, а некои се со утилитарна намена. Конзерваторскиот третман започнува со постапка за чистење и отстранување на наслоени нечистотии и земјени депозити од предметите, како подготовка за понатамошните фази на конзервација. Следува постапка на соединување и слепување на одделените парчиња и делови во возможни целини на вкупната форма и волумен на предметите, па оформување и наслојување на деловите што недостигаат и создавање на волуменот и целокупната форма со употреба на медицински гипс Алабастер. После обојувањето во пастелни тонови, конзервацијата на предметите се завршува со тоа што се премачкуваат со фиксатив раствор од акрилна смола( 3% Паралоид и Толуен). А тоа е финализирање со функција на заштитен слој заради понатамошно зачувување и презентација на археолошкиот материјал.
Фази на реконструкција и конзервација на керамички сад
На археололошките наоди од локалитетот ,,Врбјанска Чука с. Славеј Прилеп во текот на повеќе години од ископувањата е посветено големо внимание и соодветен конзерваторски третман на голем број селектирани археолошки предмети. Самиот проект за археолошки истражувања и ископувања на овој локалитет има долгорочна континуирана активност и голем број на резултати при откривање на состојби и број на археолошки наоди.
![]() |
![]() |
Состојба на предмети пред и после конзерваторски процес
на предмети од локалитет ,,Врбјанска Чука“
Истражувањата на локалитетот како и конзервацијата на селектираните предмети е со цел како следен чекор да биде формирана посебна археолошка поставка за истиот локалитет. Предвидената поставка покрај неолитскиот култен објект ,,Жртвеник“ (кој што моментално е изложен и е дел од Археолошката поставка во изложбената сала при НУ Завод и Музеј - Прилеп) ќе треба да содржи и завиден број на предмети со завршена конзервација од истиот локалитет. Сето ова ќе допринесе за изградување на изложбена археолошка целина, а воедно и за вистинско претставување на состојбата, значењето и историјатот низ вековите на самиот локалитет.

Неолитски култен објект - Жртвеник
од локалитетот Врбјанска Чука кај село Славеј, Прилепско
Еден од значајните археолошки локалитети во Прилепското опкружување, како дел од античкиот историски период е локалитетот Стибера, с. Чепигово (3в. п.н.е. до 3в. не – Римски империјален период). На истиот се вршат долгорочни археолошки истражувања и ископувања, а самите археолошки наоди претставуваат вистинско богатство при оформување на приказот и сознанието за античкиот град Стибера. Конзерваторскиот третман врз наодите, се реализира после секое ново ископување. Пронајдените предмети се направени од различни видови на материјали: камен, печена земја, кеарамика и различни видови на метали. Нивната намена, употребната цел и формите на наодитесе различни: мермерни фигури и фигурини, мермерни бисти, делови од камени столбови, керамички садови, калапи од теракота и декоративни предмети. Исто така во значајните наоди постојат метални предмети, железни врвови од копја, различни видови на монети и фрагменти од зидна декорација.
Конзервација на археолошки предмети од локалитет ,,Стибера“
состојба пред и после конзерваторски процес
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
![]() |
![]() |
На голем број од предметите најдени при ископувањата во локалитетот ,,Стибера“ е реализиран конзерваторски третман, во зависност од материјалите од кои што се направени и соодветно на нивната состојба на оштетувања, деструктивни влијанија и наталожени депозити од земја и други нечистотии.
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
Конзервација на монети од локалитет ,,Стибера“
![]() |
![]() |
Состојба на метални предмети
пред и после завршен конзерваторски третман
![]() |
![]() |
Состојба на метални предмети
пред и после завршен конзерваторски третман
Своевремено беше реализирана и реконзервација на предмети од Археолошката поставка при НУ Завод и Музеј - Прилеп. Како неопходност за одржување и сервисирање на изложените предмети во самата поставка.Со оглед на различните материјали од кои се направени и самите предмети,како и видот на претходните направени конзерваторски постапки. Процесот на реконзервација е процес што не престанува како превенција, чување и одржување на состојбата на веќе конзервираните и изложени археолошки предмети.Покрај работата на заштита и конзервација на предмети од споменатите локалитеи, во одделението за заштита и конзервација се вршат активности врз конзервација на предмети од повеќе други археолошки локалитети, кои што се дел од стручниот интерес на археолозите и нивните проектиза истражувања и ископувања. Секоја година од страна на одделението за конзервација се реализираат нови проекти за заштита на археолошки наоди од актуелните локалитети, од кои можат да се споменат:
- археолошки локалитет Сламите, с. Вепрчани, Мариово;
- археолошки локалитет Трештена стена, с. Манастир, Мариово;
- локалитет Карбоец, с. Шелеверци;
- локалитет Врбјанска Чука, с. Славеј;
- локалитет Грамаѓе, с. Горно село;
- локалитет Заград, Варош;
- локалитет Баба Прилеп;
- локалитет Сламите с.Вепрчани Мариово;
- локалитет Кале Локвени с. Подвис;
- локалитет Бедем Стибера с. Чепигово;
- локалитет Могила с. Сенокос;
- локалитет Старо Бонче с. Бонче;
- локалитет Три дабици Мариово;
како и многу други каде што се реализирале процеси на конзервација на археолошки предмети заради стручниот интерес и континуитртот на сознанија за посебните проекти, со оглед на периодите во кои што припаѓаат самите локалитети.
Освен активностите за заштита и конзервација на предмети од керамика, камен, различни видови метали, монети, стаклени предмети и друго, во одделението за заштита и козервација беше реализирана и примарна конзервација на хартиени икони од црквата Свето Благовештение Прилеп. Графичките листови беа во лоша затекната состојба. При наоѓањето беа покриени со голем број на деструктивни депозити, нечистотии, отпадни материјали. Потоа видливи оштетувања од глодари, од влага и наслоена исчаденост. Во одделението за конзервација после констатација на состојбата се направи концепт на специјален приод за отстранување на штетните депозити и нечистотии. После припремнитеконзерваторски постапки на графичките икони беше продолжено со процес на реставрирација, за на крај со врамувањето да станат и дел од фундусот на подвижна изложба од НУ Завод и Музеј - Прилеп.
Процес на примарна конзервација на хартиени икони
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
Покрај конзерваторски третман на археолошки предмети во одделението се врши заштита и конзервација на разни видови предмети како дел од културното наследство, како што е и ,,Збирката на оружје и воена опрема од периодот меѓу двете светски војни и НОВ“ во соработка со историското одделение при НУ Завод и Музеј - Прилеп.
- Конзервација на полуавтоматски пиштол ,,Browning FN 1910/22 9мм“;
- Конзервација на Германски автомат,,Шмајзер МП40“.
Освен овие примери се врши заштита и на други видови на оружје и опрема од истата збирка.
![]() |
![]() |
За проектот ,,Роднокрајно музичко творештво“ беше реализирана постапка на чистење и конзервација на предмети и музички инструменти, направени од различни видови на материјали и со различна употребна намена. Истите беа подигнати од депото за етнологија и соодветно на нивната различна состојба на оштетувања, со неинвазивни методи се изврши корекција и трајна заштита.
Освен активностите за непосредна заштита и конзервација на културно наследство, од страна на одделението се врши конкретен увид во реализација на други определени проекти за конзервација, како и комисиско спроведување на Стручен Конзерваторски надзор за непосредна заштита на движни добра, а во последниот период се:
- Спроведување на Стручен конзерваторски надзор за непосредна заштита на движни добра при реализација на Проект - конзерваторски работи и непосредна заштита во проект: „Конзервација на средновековен накит од локалитетот Крстеви, с.Корешница”- при НУ Завод и Музеј Охрид (2017 г.)
- Спроведување на Стручен конзерваторски надзор за непосредна заштита на движни добра при реализација на Проект- конзерваторски работи и непосредна заштита во проект „Конзервација на метални предмети од археолошката збирка при НУ Музеј „Д-р Никола Незлобински“ - Струга” (2018 г.)
- Спроведување на Стручен конзерваторски надзор за непосредна заштита на движни добра при реализација на Проект- Конзервација и реставрација на ,,Таваници“ од етнолошката збирка при НУ Завод и музеј - Битола (2019 г.)
- Спроведување на Стручен конзерваторски надзор за непосредна заштита при реализацијана Проект за ,,Конзервација, реставрација, санација и изведба на заштитна конструкција на црквата Св. Никола, с. Манастир, Мариово.“ (2021 - 2022г.)
При археолошките истражувања и вадењето на разни видови на предмети од земја, од вода, или од друг простор, доаѓа до радикално менување на условите во кои дотогаш се наоѓале, а резултатот е комплетно нарушување на стабилниот интерактивен однос што со векови бил создаван помеѓу нив и нивната непосредна физичка средина. Таквата промена на амбиентот може да биде и најчесто е една од причините заради која почнуваат да се случуваат процеси коишто предизвикуваат дополнителни сериозни нарушувања на артефактите. Причинителите на деструкција кои ги има во земјата или водата, или други археолошки средини, се наоѓаат и во атмосферата и можат негативно да влијаат врз општата состојба на предметите. Заради тоа, конзервацијата на предметите од различни видови материјал, како и стабилизацијата на нивниот активен деструктивен процес, подразбира примена на низа комплексни постапки кои што се избираат врз основа на состојбата на самиот артефакт. Пропишаните методи и материјалите кои се применуваат при реконструкција, конзервација и други тековни активности, се веќе проверени методи. Досега, истите кои ги применуваме во одделението за заштита, се применувани и кај нас и во светот и даваат добри резултати.
Во одделението за заштита и конзервација се избегнуваат сите оние техники, чии резултати не можат да бидат поништени, односно сите третмани кои се користат се проверени и реверзибилни. По ваков начин заради реверзибилноста, опцијата за повторно конзервирање секогаш е отворена, со што и постојаната заштита на артефактот е сигурна. Ваквите проверени материјали и методи секогаш даваат добри резултати и сигурност при конзервацијата на културното наследство.
НУ Завод и Музеј
Етнокинезија 












































