Објектот Спомен дом “Блаже Конески” во село Небрегово, како значаен споменик на културата, припаѓа на руралната архитектура. Неговата концепција е одраз на времето, просторот и поднебјето во кој е создаден и по сите проценки е изграден кон крајот на XIX век или на почетокот на XX век. Тоа е куќа на кат, објект од т.н. затворен тип, без посебно издвоен отворен дел од чардак. Помошните објекти кои го заокружуваат економскиот живот на домаќините се лоцирани периферно на парцелата.

Она по што посебно се издвојува оваа куќа е фактот што во неа се родил великанот на македонската книжевност и литература Блаже Конески, чие дело и личност заслужува посебен пиетет. Тој е основоположник на модерниот македонски книжевен јазик, еден од основачите на МАНУ, голем поет, добитник на “Златниот венец” на Струшките вечери на поезијата, професор на Филозофскиот факултет во Скопје

 

Спомен дом „Блаже Конески”

 

Сала за презентација на творечкиот опус на Блаже Конески

 

Работната соба на Блаже Конески (пренесена од бараката на Водно)

 

Tрпезариска просторија

 

Разбој

Бутин (за матење маштеница)

 

Ноќви (за стасување на леб), синија за месење леб, сукало

 

Sидана фурна за печење леб

 

Гостинската соба и колевката на Блаже Конески

 

 

100 годишнина од раѓањето на Блаже Конски

(Фондација НЕБРЕГОВО во соработка со НУ Завод и Музеј-Прилеп)

 

Централната манифестација на Фондацијата ,,Небрегово“ се одржа на 24 Септември во Спомен домот во Небрегово, родната куќа на Блаже Конески, под мотото ,,Конески: минато-сегашност-идина“. Оперативниот план за реализација на програмските активности беа вградени во националната агенда за одбележување на значајниот јубилеј.

 

Доделување златна плакета на Министерството за култура и на

НУ Завод и Музеј-Прилеп

 

Претседателот на Р.С.Македонија во посета на Спомен домот на Блаже Конески

  

 

100 годишнината од раѓањето на Блаже Конески е запишана во календарот на значајни јубилеи оддржана од UNESKO.

НУ Завод и Музеј – Прилеп во заедничка соработка со Фондацијата ,,Небрегово“ направија ДЕКЛАРАЦИЈА, која е усвоена од Владата на Р.С. Македонија и која содржи 5 суштински точки.

 

Во 2018 година, НУ Завод и Музеј - Прилеп доби од Владата на Р.С. Македонија, Златна плакета за континуираната грижа и одржување на Спомен домот на Блаже Конески во Небрегово.

 

 

   Во чест на 100 годишнината од раѓањето на Блаже Конески, Друштвото на писателите на Република Северна Македонија одржаа културна манифестација во самиот Спомен дом, каде се одржа поетско читање на многу реномирани писатели. ДПМ во чест на јубилејот му додели уметничка слика на НУ Завод и Музеј - Прилеп со ликот на Блаже Конески.

 

Поетско читање на Друштво на писатели на Македонија

 

Портрет на Блаже Конески од ДПМ за НУ Завод и Музеј -Прилеп

     

   Секретарот на Фондацијата Небрегово Атанас Конески, на самата манифестација во Спомен домот на Блаже Конески под наслов ,,Минатост-сегашност-иднина“ во Небрегово во знак на благодараност за соработката со НУ Завод и Музеј - Прилеп му додели Златна плакета и Признание со ликот на Блаже Конески и неговата мисла ,,Јазикот е единствената наша комплетна татковина“.

 

 

   За зачувување на ликот и делото на Блаже Конески, НУ Завод и Музеј-Прилеп доби и благодарница од Институтот за Македонски јазик ,,Крсте Петков - Мисирков“, Скопје

 

 

По повод 100 годишнината од раѓањето на Блаже Конески, Педагошкиот факултет од Битола сними документарен филм во родната куќа. Нашата соработка со истите вроди со плод за да на крај филмот се прожектираше промотивно во самата куќа. Благодарница за соработка НУ Завод и Музеј - Прилеп доби и од Педагошкиот факултет - Битола.

 

 

Во чест на Јубилејната година, Спомен домот беше посетен од многу ученици, средношколци, студенти, друштва на пензионери, писателски друштва, друштвото на слепи лица кои се наши најредовни посетители и др. Да не ги заборавиме и најмалите од игротеките кои покажаа многу интерес, не само за посета, туку и за многу едукативни активности во Спомен домот на Блаже Конески во Небрегово. Им благодариме и ние за соработката и посетата.

 

Дечињата од Игротека ТИК-ТАК во Спомен домот ,,Блаже Конески“- Небрегово

 

 

Петтооделенците од ООУ ,,Блаже Конески“ - Прилеп, оддадоа почит кон великанот со положување свежо цвеќе и со рецитирање на свои лични творби за него.

 

Трибина- по повод 5-ти мај Денот на македонскиот јазик на тема:

,, Правилната употреба на македонскиот јазик во практиката“

  •         Педагошки факултет – Битола
  •         Друштво на наука –Битола
  •         НУ Завод и Музеј –Прилеп  (целна група - студенти од Педагошки факултет - Битола)

 

 

Стогодишнината од раѓањето на Блаже Конески во печатот