Одделението за историја на уметност егзистира од 1960 година во Народен музеј - Прилеп, во почетокот како Галерија, а со прераснување на институцијата во Завод за заштита на спомениците на културата, природните реткости и Музеј во 1981 година, тоа се води и официјално како Одделение за историја на уметност.
Негова основна дејност е раководење со збиркате на музејски предмети, кабинетско и теренско истражување, прибирање и средување музејски материјали и музејски предмети, стручно и научно обработува музејски материјали и музејски предмети, води книги на евиденција и документација на музејските предмети и музејскиот материјали согласно закон и подзаконските акти за музејската дејност, објавува и презентира музејски материјал и музејски предмети,изработува документација (дескриптивна, техничка и фото) за живиопис, икони, резба,црковни мобилијари и библиофилски материјал, изготвување на програми за непосредна заштита на движното културно, учествува во подготвување на повремени изложби, програмите за едукација и музејски маркетинг; учествува во реализација на други проекти и врши популаризација на музејските активности. Изготвување на проекти за превентивна заштита и конзервација и евиденција на движниот материјал (икони, библиофилски материјал и друг црковен инвентар) кој се наоѓа во црквите и манастирите.
Стручно ги обработува резултатите и ги подготвува извештаите; изготвува елаборати за (ре)валоризација на движното културно и природно наследство и предлози за целокупните подготовки, организација, непосредно раководење, следење на процесот на истражувањето и изработка на документација, стручно ги обработува резултатите и ги подготвува извештаите; изготвува елаборати за (ре)валоризација на движното културно и природно наследство и предлози за донесување акт за заштита на истото; врши ревизија на музејски предмети; изготвува концепција на постојаната музејска поставка и за реализација на повремени изложби и учествува на стручни собири.
Исто така, Одделението за историја на уметност прибира и обработува дела од областа на Современата ликовна уметност, организира тематски изложби и го публикува истражениот материјал.
Музејскиотматеријалот се обработува по хронолошка припадност со што се класифицира во периоди на византиски период, поствизантиски период, доцен период - XVII и XIX век и современа уметност.
Од основањето на музејот и одделението за историја на уметност па се до 2004 година кога Музејот добива статус на Регионална институција ги обработува материјалите на градот Прилеп и опшината прилепска.Со добивањето на статусот како Регионална инстистуција се проширува дејноста на одделението со што сега материјалите за обработка се од општина Кривогаштани, Општина Крушево, општина Долнени и општина Мариово.
Заедно со општина Прилеп и останатите 4 општини вкупниот број е 140 цркви, од кои поголемиот број се регистрирани споменици на културта. Покрај архитектонската вредност што ја поседуваат, мошне висока уметничка вредност имаат живописот, иконописот и резбата во нив.
Бројот на евидентирани икони кои се наоѓаат во црквите и манастирите е преку 2 500. Работени се главно од локални мајстори, но и од иконописни школи кои работеле во поширокиот дел од Македонија. Потекнуваат од XVIII и XIX век, а само еден мал дел датира од XV - XVII век.
Со акцијата на Народниот музеј за прибирање на икони од напуштените цркви и манастири во прилепскиот крај во раните шеесетти години на XX век, оформена е Збирката на икони. Оваа збирка покрај бројката од преку 200 икони, содржи и царски двери, фрагменти од резба.
Одделението за историја на уметност прибира уметнички дела од современи македонски сликари и нивно јавно презентирање преку изложбени поставки.
ВИЗАНТИСКИ ПЕРИОД
После надминувањето на иконоборската криза, поради близината на Византија, во Македонија уметноста доживува голем подем. Прифаќајќи го византискиот стил како сопствен начин на уметничко творење, македонските словени стануваат активен фактор давајќи свој придонес во општите текови на неговиот развој.
Прилеп е еден од центрите во Македонија во кој што византиската уметност доживува свој процут. За живописување на црквите и манастирите покрај локални, биле повикувани и мајстори од Цариград и Солун, кои творејќи на овие простори покажале дека се работи за високо образувани уметници кои токму овде го постигнале врвот во своето уметничко и теолошко творештво. Повеќето од нив и во најстрогата ликовна валоризација добиваат високо место во историјата на уметноста не само кај нас, туку и пошироко.
Најстари сликарски дела во прилепскиот крај се остатоците од фрески пронајдени за време на археолошките истражувања во седумдесеттите години на XX век во манастирската црквата
св. Архангел Михаил во Варош. На еден срушен ѕид под подот на црквата е насликана Ктиторска композиција на која е претставено како св. Никола членовите на едно кралско семејство ги приведува пред Исус Христос. Сите досегашни сознанија водат кон тоа дека овој ѕид е дел од најстарата црква која потекнува од XII век и најверојатно била посветена на св. Никола. На мошне талентиран зограф од втората половина на XIII век му се припишуваат фреските во западниот дел од црквата. Иако доста оштетени, овие фрески покажуваат дека биле насликани композиции од циклусите на Страдањата Христови и Чудата на св. Архангел Михаил. Десно од влезната врата во првата зона е насликан ктиторот на црквата, големиот хартулар на западот Јован, со моделот на црквата во рацете.

Манастирска црква свети Архангел Михаил, Варош
Од двете страни на влезот на западната фасада во цел раст се насликани фигури на кралот Волкашин и неговиот син Марко. Сликањето настанало веројатно после 1371 година, што може да се заклучи по божјата рака која става круна на главата на Марко и белата облека што Марко ја носи во знак на жалост кон неговиот починат татко.
![]() |
![]() |
|
Дел од фреска портрет на влезот на црквата - Крал Волкашин, |
Фреска конзервирана на северната страна во црквата |
Во 1981 година отпочнат е процесот на конзервација на живописот. Од XIII век му припаѓа живописот во олтарниот простор на централниот брод во црквата св. Димитрија во Варош. Северно од иконостасот насликано е попрсје на Богородица со Христос под кое е испишан текст во кој молитвено се споменува византискиот цар Андроник II и неговата жена Ирина. Ктитор на големата обнова на црквата во XIII век, а во исто време и нарачател на живописот бил византискиот властелин Димитрие Мисинополит, чија ктиторска композиција е насликана на северниот ѕид во јужниот брод. Околу 1380 година повисоките зони во црквата се насликани од познатиот зограф митрополитот Јован кој живеел и творел во Манастирот св. Преображение во село Зрзе.
Црква свети Димитрија, Варош
Во 1960 е започната конзервација на живописот која траела до 1970 година. Во овој период во покривот на црквата биле пронајдени стотина графички листови од XVII - XIX век.
Живописот во црквата св. Никола во Варош е работен во две фази. Независно од натписот на северниот ѕид во кој стои дека црквата е живописана во 1298 година по нарачка на византискиот властелин Векос Капза и неговата жена Марија, живописот во апсидата се разликува од останатиот живопис и според стилските карактеристики се датира кон крајот на XII или на самиот почеток на XIII век. Тоа е декорацијата во олтарната апсида каде се претставени четири архиереи во Литургиска служба со сцената “Мелисимос”, во центарот, Богородица Ширшај Небеса фланкирана од двете страни со архангелите Михаил и Гаврил, како и декорацијата во лунетата на западната фасада каде е насликан патронот на црквата св. Никола.

Црква свети Никола, Варош
![]() |
![]() |
Фрескоживопис во црквата свети Никола во олтарот и северниот ѕид
Во 2002 година направена е превентивна заштита на живописот на сводот и горните зони на северниот и јужниот ѕид.
Јасна слика за сликарството во втората половина на XIII век нуди живописот во црквата св. Николаво село Манастир. Живописувањето е завршено во 1271 година за време на владеењето на Михајло VIII Палеолог. Долгиот натпис испишан на грчки јазик во централниот брод ја објаснува историјата на црквата. Во него стои дека црквата е живописана во 1271 година по желба на Јоаникие кој откако се замонашил го променил името во Акакие, а живописувањето било извршено под раководство на Ѓакон Јован, “референдар на пресветата архиепископија” , кој повикал повеќе истакнати мајстори да ја живописаат оваа црква.
![]() |
![]() |
Црква св. Никола во село Манастир, Мариово
![]() |
![]() |
![]() |
Фрескоживопис во црквата св. Никола во село Манастир, Мариово
Големиот иконографски репертоар застапен на фреските во црквата св. Никола што делумно го дозволува и самата големина на црквата, е насликан со доста солидни теолошки познавања за што најзаслужен несомнено бил ѓаконот референдар Јован. Тука се присутни сцени од главните црковни празници, сцени од животот на св. Никола, воини, маченици, епископи, монаси, пророци и друго. Посебно внимание заслужува декорацијата во олтарната апсида каде централно е насликана Пресвета Богородица Ширшаја Небеса, фланкирана со архангелите Михаил и Гаврил од левата и десната страна, композицијата Причестување на апостолите, како и композицијата Дрво Есеево и Скалите на Јован Климак, а од посебните фигури на светители, фигурата на Климент Охридски.
Конзерваторско - реставраторските работи врз архитектурата и живописот започнале во 1965 година и траеле до 1970 година.
Ликовната активност станала мошне интензивна во текот на XIV век. Српските владетели кои ја држеле под своја власт прилепската област изразувале голема дарежливост со тоа што обновиле голем број стари цркви. Ваква активност пројавувала и домашната властела која била поддржувана од српските владетели.
Живописот во црквата Успение на Пресвета Богородица во манастирот Трескавец е работен во неколку фази. Најстариот живопис кој ги покрива ѕидовите на егзонартексот и бочните компартименти е изработен по нарачка на крал Стефан Душан во периодот помеѓу 1334 и 1343 година. Во овој ансамбл фрески посебно внимание привлекуваат илустрациите од календарот, кој содржи многу интересни иконографски претстави. Стиховната форма на сигнатурите кај овие календарски сцени го зголемува нивното значење, бидејќи таа е редок пример и во самата византиска уметност. Како посебна целина се одделува и живописот во северозападната купола каде е насликана композицијата Небесен двор.

Црква Успение на Пресвета Богородица во манастирот Трескавец
![]() |
![]() |
Фрескоживопис во црквата Успение на Пресвета Богородица во манастирот Трескавец
На површината на ѕидовите и сводот во наосот зачувани се фрески што припаѓаат на една стилска целина, дело на една посебна група сликари кои работеле во втората половина на XV век. Олтарниот простор после големите оштетувања е обновен и во 1570 година повторно е насликан. Во внатрешноста на црквата се наоѓа двокрилна резбарена врата која датира од XVI век и припаѓа на прилепско - слепчанската школа.
Конзервација врз живописот е извршена во 1959 година.
Манастирот Зрзе е еден од најстарите и најзначајните монашки центри во средишниот дел на Република Македонија, а неговата духовна традиција започнала со ширењето на христијанството во овие предели. Можноста непосредно да го согледаме големото значење на Зрзе за проучувањето на средновековната култура и историјата на христијанството ја имавме преку учеството во систематските археолошки истражувања во објектите од бигорната карпа. Покрај интересот за организацијата на монашкиот живот во зрзевската монашка населбa од особено значење за нашите истражувања беа фрагментите од фрескодекорација пронајдени со ископувањето на археолошките слоеви во внатрешноста и непосредната околина од два објекти со сакрален карактер, номинално определени како пештерна црква и параклис. Историјата на манастирот по изградбата на црквата св. Преображение на горното плато од бигорната карпа може попрецизно да се проследи благодарение на бројните записи и натписи. Се чини дека токму натписите од ѕидовите на зрзевскиот католикон, кои се од големо значење како историски документи, биле главната причина за популарноста на Зрзе во науката а самото ликовно творештво се вбројува меѓу највредните остварувања во византиската и поствизантиската уметност.
![]() |
![]() |
| Манастир, св. Преображение, Зрзе | Фрески на надворешната страна |
![]() |
![]() |
| Натписи над влезовите на црквите во комплексот на манастирската црква во Зрзе | |
![]() |
![]() |
| Делови на натпис и фрескоживопис | |
Зрзевската мирската црква својот денешен облик го добила преку неколку доградби и приспособувања кои се случиле во текот на подолг временски период. Црквата е составена од три одделенија организирани под двосливен кров со несиметрични страни. За точната хронологија на подигањето на црквата св. Никола не располагаме со пишани податоци. Информациите за ктиторството и создавањето на живописот неповратно се изгубени со уништувањето на ктиторскиот натпис, којшто бил испишан над западниот влез во наосот. Најраниот историски извор за постоењето на мирската црква се османлиските пописни дефтери од средината на 15 век. За пораниот датум на нејзината изградба сведочи фрескоиконата на Богородица Одигитрија, која е насликана во плитка ниша на некогашната северна фасада, а чии ликовни особености се карактеристични уметноста од последната четвртина на XIV век. Од северната страна на првобитната црква бил дограден параклис кој се протегал по целата должина на наосот. На источната страна од параклисот е формирана полукружна апсида, целосно вдлабена во ѕидната маса поради што не се одразила во екстериерот на црквата. Првична студија посветена исклучиво на сликарството од XVI век во олтарот и наосот на црквите св.Преображение во Зрзевскиот манастир и св. Никола во селото Зрзе направил Б. Бабиќ. Притоа, авторот направил опис на сликаната програма во двата споменици и ја потврдил сопствената теза за атрибуцијата на овој живопис како дело на Онуфриј Аргитис, уште еднаш датирајќи го во 1535 година.
Во словенскиот натпис од 1369, година како и во оној од околу 1400 година, јасно се гледа дека манастирот св. Преображение во село Зрзе го основал монахот Герман во времето на српскиот владетел цар Душан. Манастирот бил обновен од неговите внуци Прибил и Пријезд, подоцна познати како зографи Јован и Макарие, кои заедно со својата мајка дале да се живописа западниот дел на црквата во спомен на таткото и сопруг по име Хајко (Харитон).
Живописот во припратата е насликан во 1368/9 година. Сликарот од западниот дел од црквата направил посебен параклис со необична иконографија за овој простор: на западниот ѕид ја насликал композицијата Гостољубие Аврамово, а под неа Причестување на апостолите. И двете композиции имаат евхаристична симболика и се сликаат во олтар. Деисизот со дванаесетте апостоли, поставен на иконостасот е дело на јеромонахот Макарие, а го изработил околу 1400 година. Источниот дел од црквата во почетокот на XVI век е пресликан од зографот Онуфрие, кој подоцна ќе ја живописа и црквата св. Никола во истото село.
![]() |
![]() |
| Црква св. Никола во селото Зрзе | |
![]() |
![]() |
|
Внатрешноста на црквата со дел на фрескоживописот на црквата св. Никола во село Зрзе |
|
Конзерваторско - реставраторски работи врз архитектурата и живописот се започнати во 1960 година. Во 1999 година превземена е превентивна заштита на живописот во црквата и тремот.
ПОСТВИЗАНТИСКИ ПЕРИОД
Со доаѓањето на Османлиите на Балканот прекината е нишката на иконописното и живописното творештво на територијата на денешна Македонија. Турските власти ги респектирале старите цркви и манастири, но забраниле да се градат нови. Поради тоа, фрескосликарството постепено ги напушта тогашните културни центри и воопшто градските средини и преоѓа во селските средини, каде тајно се граделе нови цркви.
Во овие услови фрескоживописот и понатаму продолжува да егзистира, но се разбира не со оној занес и перфекција од претходниот период. Зографите и иконописците образованието го добивале во некоја од локалните сликарски работилници или биле необразовани, така што сликарството во поствизантискиот период во уметнички и теолошки поглед доста заостанува зад сликарството од претходниот византиски период.
Во населбата Варош, позната по занаетчиската и уметничка традиција која доживува највисок процут во XIV век, по падот на државата на кралот Марко нов живопис добива само малата црква Пресвета Богородица Пречиста. Во лунетата над влезната врата е претставена Богородица со Христос. Долгиот посветен натпис на надвратникот е доста оштетен, така што едвај можат да се прочитаат имињата на киторите Павле и Радослав и годината на живописување 1420/21.
Ликот на Богородица Оигитрија, иако јасен во контурите, мошне е оштетен, така што не може многу да се зборува за квалитетите на уметничката постапка. Општата поставеност на фигурите и убавината на цртежот на сочуваните делови на облеките на Богородица и Христос, сведочат дека мајсторот израснал во една средина во која уметноста имала традиција. Овде се чувствуваат сигурните вредности на пелагониското сликарство од втората половина на XIV век во чиј што развој посебно место завземала работилницата на митрополитот Јован и јеромонахот Макариј, кој најверојатно ја насликал оваа фреска. Во 1990 година без одобрение од Завод и Музеј - Прилеп, фреската е пресликана со нов слој на маслена боја.
Живописот во наосот и олтарот е скоро целосно уништен од пожарот што црквата ја зафатил во седумдесеттите години на XX век.
Црквата св. Илија во село Долгаец е прво архитектонско остварување во раните години на турското владеење, а во исто време и целосно насалсикана. Се наоѓа непосредно до селто, од неговата северозападна страна. Таа е мала, еднокорабна , гробна црква, рустикално ѕидана со камен во варов малтер.Користеле локален материјал со што се одолговлекува нејзиното градење, а тоа секако се случува по смрта ма Мурат II (1451). Централно на јужниот ѕид се наоѓа ктиторски натпис од кој можеме да прочитаме дека црквата Свети Илија Тесвичанин, е подигната во 1454 година по заслуга на сите „мали и велики“ жители на село Долгаец. Исто така се истакнува дека црквата е градена во времето на Мухамед II освојувач (1451-1481) односно, кога на престолот на прилепската епархихја се наоѓа митрополитот Давид Харисен.

Црквата св. Илија во село Долгаец
![]() |
![]() |
Фрескоживописот на северниот ѕид во црквата Црквата св. Илија во село Долгаец
Иконографски во оваа црква се додадени сцени кои се представени со влијание од XIV и XV век. Грубиот сликарски јазик со кој работел мајсторот на фреските во Долгаец ни остава простор на размислување дека самиот мајстор е чколуван во некој поголем центар. Во неговите дела се чуствува нагласеност на графичката представа на ликовите, суровата живост на колоритот со едноставност на представените композиции. Од движното културно наследство во оваа црква се евидентирани пет икони како споменик на културата. Во 1999 година извршена е превентивна заштита на живописот. Додека во 2017 година оваа црква е валиризирана.
Во едно заокружување од 3-4 километри со останатите поствизантиски цркви во Долгаец, Зрзе, Костинци, Слепче изградена е гробна црква непосредно до селото Рилево посветена на посветена на Александрискиот патријарх свети Атанасиј. Податоците за времето и приликите за изградбата наоѓаме на ктиторскиот натпис кој е поставен надф бифората, на јужниот ѕид од внатрешната страна, каде се вели дека црквата е изградена во 1627 година од мајсторот Иван од Крушево и зографот Јон од Костур.
![]() |
![]() |
| Црква св. Атанасиј во селото Рилево | Икона |

Фрески во олтар
Денешниот изглед на црквата како и повеќето цркви, градени во овој период на отоманското владеење, се должи на неколку фази на изградба.
Првата фаза е од првата половина на XVII век односно пред 1625 година. Додека втората фаза на црквата е припратата. Според достапноста на истраженоста на оваа црква е утврдено нејзиното гардење и живописување во XVII век. За нејзината изградба страна кој е испишан на црковно словенски јазик и во него се споменува дека црквата е завршена 1627 година. Втората фаза на градење и фрескоживописување на црквата е потврдено со натписот поставен над влезот во црквата кој е испишан на црковнословенски јазик во осум редови и се споменува годината 1871 и зограф и мајстор од Крушево, со ова се потврдува фактот дека во 1871 година е срушен западниот ѕид на првобитната црква и на западната страна е доградена припрата која е фрескоживописана истата година. Изборот на концепцијата на иконографската програма се карактеристични за сите поствизантиски цркви со извесни промени наметнати од архитектонскиот склоп на црквата. Зографот Јован се потрудил во малите димензии на црквата да смести што повеќе композиции, локален традиционален манир и поседуваат скромни сликарски можности.Во црквата се регистрирани 22 икони, од кои 13 икони се од XVII век останатите се од XIX век.
Црквата Пресвета Богородица во село Костинци е подигната и живописана во 1624/5 година.
Иконографијата и распоредот на композициите се вообичаени за црквите подигнати и живописани во турскиот период. Во XIX век целиот живопис е пресликан со нов слој.
![]() |
![]() |
| Црквата Пресвета Богородица во село Костинци | |
![]() |
![]() |
| Ктиторски натпис | Прва зона фрескоживопис |
Во првата зона се насликани светители во цел раст: свети воини, свети врачи, Деисиз на северниот ѕид до иконостасот, св. Никола на јужниот ѕид и архиереи и Визијата на Петар Александриски во олтарниот простор. Овде доаѓа до израз анатомската точност и елеганцијата на фигурите, особено на Богородица и св. Јован Крстител во Деисизот и богато украсениот престол на кој седи Исус Христос. Во втората зона се насликани Големите празници, а на сводот Исус Христос од Вознесението, Богородица, Исус Христос Пантократпор и Исус Христос Ангел. На источниот ѕид од внатрешната припрата е насликан Страшниот суд, кој при проширувањето на влезната врата е оштетен.
Иконографските и стилските поврзаности со сликарството од црквите во селата Рилево и Зрзе, упатуваат дека најверојатно зографите од Костинци припаѓале на групата линотопски сликари или пак на локални зографи кои биле под нивно силно влијание.
Во 2003 година Завод и Музеј - Прилеп заврши со конзервација на архитектурата и живописот која траеше неколку години. Денес живописот од XIX век е симнат, а живописот од XVII век е целосно конзервиран и презентиран.
Од фрагментарно зачуваниот живопис во црквата св. Атанасие во село Галичани може да се заклучи дека во поглед на уметничката вредност истиот може да се вклучи во редот на просечните достигнувања од првата половина на XVII век. Во 1999 година превземена е превентивна заштита на живописот.

Црква св. Атанасие во село Галичани
Манастирската црква свети Никола, во село Слепче, сместена е во средишниот дел од источната половина на манастирскиот двор. Натписот над влезот на црквата од внатрешната страна укажува дека црквата била изградена и зографисана во 1674 година, од натпис на мермерната плоча во олтарскиот простор како година на изградба се среќава 1673, а според други извори наведено е дека црквата била изградена во 1672 година. Од натписот над влезната врата се забележува дека ктитори на црквата биле игуменот и јеромонах Сергиј, јеромонахот Никифор, монахот Кирил, монахињата Јаникија, како и имињата Џоре, Михо, Тоде, двајца со име Петко, Цветко, Никола и Јосиф, кои веројатно биле мештани вклучени во црковниот одбор. Поголемиот дел на имињата од овој натпис се споменуваат и на натпис на мермерната плоча од олтарниот простор, а на него се среќаваат и нови имиња, како Јован, Јанко, јереј Неделко, Фило, Марко и Огнен. Градбата на црквата претставува карактеристичен пример на црковната архитектура во Македонија од XVII век. Таа е еднокорабна, без апсидаа, со мали отвори на источната и јужната страна, и со единствен влез на западната страна. Фасадите не се украсени, а градбсата е покриена на две води. Во поново време, кон западната страна бил дограден затворен трем.
![]() |
![]() |
Натписот над влезната врата и фрескоживопис на северниот ѕид во Манастирската црква свети Никола, во село Слепче
Над влезната врата на црквата е живописан ликот на свети Никола со мали претстави на Богородица и Исус Христос од двете негови страни. На западниот дел од јужната страна има ниша со фреска на којашто е претставен Исус Христос на престол со наклонети фигури на Богородица од неговата десна и свети Јован Крстител од неговата лева страна. Црквата има иконостас кој што претставува богато резбарско и иконописно дело. Царските двери и Големиот крст со двете ламји го офразуваат влијанието на Атос. Како автор на резбарско-сликарските работи на царските двери може да се смета игуменот Сергиј кој оставил потпис на дверите. Од негово време потекнуваат и престолните икони на Богородица со Исус и Исус Христос, што е забележливо и од натписот на самите икони, како и чинот на Дванаесетте Апостоли кој се наоѓа над престолните икони. Во најгорниот дел, иконостасот завршува со Големиот крст со Распетието Христово и две ламји. Внатрешноста на црквата е живописана во целост, а особено е впечатлива црнобојната основа. Не е точно наведено кои се зографите кои го изработиле живописот, но од ктиторскиот натпис над влезната врата се добива впечаток дека тоа се игуменот Серхгиј и јеромонахот Михаил поради тоа што во натписот е наведено дека херомонахот Михаил бил негов ученик. Меѓутоа, за автор на живописот се посочува зографот Коста од костурското село Линотопи, чие име се споменува во манастирскиот триптих. Во 1998 година превземена е превентивна заштита на живописот, а во 2004 година започнат е процесот на конзерација.
ДОЦЕН ПЕРИОД XVIII-XIX век
Кон крајот на XVIII и почетокот на XIX век во Турската империја настануваат крупни опшествено- политички и економски промени, како резултат на воените порази, што ја доведууаат земјата во економска и политичка зависност во однос на европските земји. Со постепено истиснување на спахиството како оживеан облик на воениот феудализам и афирмирање на стоковно-паричната размена селското стопанство се насочува кон стоковно производство, занаетчиството се унапредува и зголемува во обем.
До крајот на XVIII век македонското население главно живее и работи во село. Во првата половина на XIX век поради внатрешните немири во државата, грабежите и насилствата врз селаните и манастирските имоти, се засилува преселувањето на македонските селани во градовите. Отворениот процес на на населување на селското население во грдовите продолжува и кон средината на XIX век, кога градот покажува највисок степен на економски подем. Таа постепено се конституира во влијателен опшествен и економски фактор во градовите и покажува влијателен истерес за зацврстувањето на својата положба на културно-опшествен план.
Влијанието на опшествените односи ќе се почуствува врз најшироките основи на духовен и културно просветен и уметнички план. Се отвораат школи со обележја на ќелијни училишта, се воведува црковно словенскиот јазик во богослужбата, се одгледува народниот јазик. Се јавува сериозна иницијатива за градење на верски обијекти со впечатливо големи димензии, пространи и со траен материјал. Градежната дејност ја следат живописот и иконописот.
Тековите на националната независност, стремежите за самостоен културен и уметнички живот се одвива во рамките на црковната еманципација.
Развојот на уметноста во XIX век се одвива во моште тешки и сложени и специфични опшествено и политички и историски околности, со што уметноста наоѓа своја тема и инспирација во постоењето на Света Гора, која во XVIII век се уште представува моќен уметнички центар на Балканот. Според тоа, духот и стилот на оваа уметност се нераскинлво сврзани со континуираниот тек на поствизантиската уметност.
Универзалната идејно-уметничка концепција, што ги опфаќа традиционалните естетски правила, формирани врз широката платформа на византиската, односно поствизантиска уметност, представува трајна констнта на уметноста од XVIII век.
Во првата половина на XIX век дејствуваа релативно мал број на познати и анонимни зографи, кои доаѓаат од подрачја со значително постара и поразлична сликарска традиција.
Но со подобрувањето на економската сосотојба се создаваат значајни услови за подигање на општиот подем на културниот живот, со што се појавуваат поголеми потреби за подигање на цркви, а со тоа и на нивно украсување и се создаваат услови за приклучување на роднокрајните зографи.
Во XIX век во Македонија се афирмираат многу вешти иконописци, кои по порачка за изработка на икони ја крстосуваат целата земја и оставаат огромно културно наследство од преку 25 000 икони. Поголем број од нив, поради високата уметничка вредност, од музејските институции се евидентирани како споменици на културата.
Во селските места во околината на Прилеп од ова време датираат поголем број помали еднобродни цркви со скромни димензии и архитектонски градителски решенија. Исклучок се неколкуте трибродни цркви во селата Бешиште, Тројаци и Тополчани, села кои веројатно биле со поголема економска моќ. Фрескоживописувањето на црквите во периодот на Преродбата е со доста поскромен уметнички квалитет и покрај обидите на некои мајстори да го достигнат нивото на стариот византиски стил.
Прилеп иако бил поголем град со 10 - 12 илјади жители, до овој период воопшто немал црква. Христијанското население своите верски обреди ги обавувало во бројните постари цркви, како и во манастирот св. Архангел Михаил во блиското тогашно село, денес приградска населба Варош.
Во 1838 година граѓаните успеале да добијат царски ферман за изградба на соборниот храм св. Благовештение. Тоа е монументална трибродна црква, со три полукружни апсиди на источната страна и извонредна архитектура.
![]() |
![]() |
Соборниот храм св. Благовештение, Прилеп
Над јужниот и северниот брод се протегаат галерии, а над западниот портал исто така е изградена галерија која претставува простор за црковниот хор. Нај импресивен дел во овој сакрален објект е изработената резбана дрвенарија, односно иконостасот, владичкиот престол и амвонот (певница).
![]() |
![]() |
Внатрешноста на Соборниот храм св. Благовештение, Прилеп
Иконостасот на кој што преовладува билна орнаментика е изработен од познатиот мајстор копаничар Димитар Станишев, додека владичкиот престол и амвонот се дела од најпознатиот копаничар во Македонија и на Балканот Петре Филипович Гарката. Покрај монументалниот иконостас во црквата се наоѓаат поголем број вредни престолни и слободни икони.
Благодарение на влашкото и гркофонско лоби, во 1871 година исто така е издејствувано добивање дозвола за подигање на црквата св.Преображение позната како „Грчка црква“. Црквата претставува тробродна петтокуполна градба во впишан крст со назначена централна купола. На северозападната страна се простира долг трем кој е поставен на пиластри и лакови. Фрескоживописот во црквата е со скромни уметнички квалитети.

Црквата св. Преображение, позната како „Грчка црква”
Во втората половина на XIX век се одвива значајна сликарска дејност од Адамче најдов и Јован Будимир, кои се родени во Прилеп и кои се стремат кон зачувување на сликаството во неговиот неизменет традиционален стил. Посебна заслуга му припаѓа на Адамче Најдов Јанов, кој извршил големо влијание на зогрфаот кој работи во црквата свето Благовештение во Прилеп на престолните икони.
Истражувајќи го градот Крушево се доаѓа до информации на три издвоени групи на зографи кои работоа во овој ист период. Михаил од Самарина, еден од истакнатата лоза Зиси со неговите синови Димитрие, и Никола, Атанас со неговите синови Коста,Хикола,Вангел, рензовскиот род со зографите Станко и Стојанчекој е негов син, чиешто творештво се отценува мошне слабо.
Во осумдесетина цркви и манастири во прилепскиот поширок регион може да се сретнат икони од познати македонски иконописци. Од локалните мајстори од периодот на Преродбата со своите колорити и складно обликувани ликови на светците препознатливи се зографот Адамче Јанов Најдов и неговиот ученик Јован Атанасов Прилепчанин, особено зографот Адамче кај кого доминираат неговите Богородици со Христос. Силен белег со своето присуство и творење на територијата на општина Прилеп оставиле зограф Дичо од Тресонче и неговиот син Адам, Спасе од Гари, зограф Папрадишки, Костантин со тајфата од Крушево, а посебно тајфата на извонредниот мајстор Петре Филипович Гарката и неговиот зет Димитар Станишев.
ЗБИРКА НА ГРАФИЧКИ ЛИСТОВИ
Колекцијата хартиени- графички икони при НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј, Прилеп се вбројува меѓу најзначајните збирки од овој вид на Балканот. Оваа колекција ја сочинуваат стотина графики коишто се изработени од гравери чија цел била да ја презентираат православната религиja преку приспособување на старата техника со нов материјал, додека содржината е паралела на традицијата со религиозното сликарство. Техника се состои во гравирање на цртежот во дрвена или метална плоча која што потоа е премачкувана со боја и под притисок втиснувана врз лист хартија. Тие носачи на цртежите: глинени, дрвени и метални плочи, се архолошки потврдени кај древните цивилизации.
Крајот на XIV век се смета за време на инаугурирање на графиката. Тоа е периодот кој се обележува со нови импулси во социјалниот, стопанскиот, културниот и религиозниот подем на Западна Европа, кога започнува помасовната изработка на хартијата.
Пред појавата на процесот на печатење, наједноставен и најповеќе применуван начин на комуникација била усната комуникација. Тоа e период кога писменоста е на ниско ниво, а книгите се достапни за мал број луѓе и претежно се со религиозен карактер, препишувани и илуминирани во манастирските скрипториуми за религиозни цели.
На Балканските простори графиката за прв пат се јавила во XV век, воедно тоа е времето кога графиката за прв пат се среќава и во Македонија како илустрација во црковните книги. Тоа е време на османлиското владеење кога Црквата грчевито се бори да ја зацврсти својата вера и тоа потпирајќи се најповеќе врз ракописната традиција, како и врз православната византиска иконографија. Илустрациите за книгите биле вешто изработувани, а иконографијата внимателно селектирана.
Црквата како стожер на верата била принудена да ги прифати и да се приспособи на новонастанатите сосотојби.
Најсилното упориште на православието во овој период е Света Гора. Во XIX век на Света Гора графичката уметност доживеала масовно прифаќање. Оваа уметничка гранка се негувала и во претходните два века, така што се изработувале скромни дрворези од монасите, а бакрорезите најчесто се нарачувале од Венеција, Виена, Москва и Константинопол.
Првите автори кои работеле во крајот на XVI век биле скромни и анонимни. Основоположник на балканската графика е македонскиот зограф и гравер Христифор Жефатовиќ, кој своето основно зачење за сликасртвото го добил преку изработувањето сликарски ерминии од кои еден примерок е сочуван во библиотеката на романската Академија. (од која колекција некоја) за жал негови дела немаме во оваа колекција. Дел од неговиот опус на графики се присутни во светогорските манастири. Парарелно со Жефаровиќ работат и други гравери, кои се познати според нивните дела кои се распространети низ црквите во Манкедонија. Межу нив се истакнуваат имињата на српскиот бакрорезач Захариј Орфелин (1726-1785), рускиот монах Акакиј кој работи во 18 век, потоа се среќаваат дела од граверот Антониј Џовани Зулијани во Венеција, познати и се графиките работени во печатницата на Антонио бартоли во Венеција, познатите крушевски златари Кирил и Тома Сидер ...
Првите графики од Македонија се откриени во Прилеп во црквата свети Димитрија во Варош, во 1968 година кога под раководство на д-р Бошко Бабиќ се извршувале конзерваторски работи врз архитектурата на црквата. Второто откритие на графики е во 2003 година, повторно при извршувањето на конзерватоеските зафати на кровната конструкција во црквата во црквата свето Благовештение, под раководство на дипломиран архитект конзерватор Илија Ристески, кој потоа ги известилмколегите Славица Алексоска виш кустос историчар на уметност и конзерваторот Горан Стојаноски. Дел од пронајдените графики се припишуваат на Константиновата печатница, дел се графики на Антим од Пелопонез, на монахот Кирил, на Партениј од Закинтос, како и отпечаток од бакрорез од 1780 година дело на Захариј Орфелин и многу други. Графиките се со религиозни сцени и панорамски погледи на манастирите од Света Гора, на планината Синај и на други места; погледи на цркви со светителите-заштитници и споредни сцени со сцени од животот на светците. Панорамски погледи на манастирите се изведени под силно влијание на ренесансата. Во најголемиот дел колекцијата се состои од гравури направени на Света Гора од јеромонаси, монаси и лаици гравери и златари, чие мнозинство имало работилница во Кариес, главниот град на монашката заедница на Света Гора. На отпечатоците има натписи кои ги споменуваат имињата на нивните творци.
Најстарата графика од оваа колекција, со претстава на Богородица со Христос е пронајдена во црквата свето Благовештение во Прилеп и се чува во самата црква. Датирана е во 1725 година. Оваа графика е реплика на чудотворната икона Богордица Черниговска – Илинска, чиј култ бил обновен кон XVII век во Светотројанскиот Илински манстир.
![]() |
![]() |
| Света Катерина, XIX век | Архангел Михаил и Гаврил, 1765 |
![]() |
![]() |
| Свети Ѓорѓија, XIX | Богородица Елеуса,1833 г., Венеција |
ЕДУКАЦИЈА
Едукативната мисија на нашата институција во одделението за историја на уметност е форма на училишна едукација, реализирана преку училишни посети и проекти кои се од голема важност за едукацијата и за популаризацијата на културното наследство.
СОВРЕМЕНА ЛИКОВНА УМЕТНОСТ
Одделението за историја на уметност прибира и обработува дела од областа на современата ликовна уметност од македонски и странски уметници, организира тематски изложби и го публикува истражениот материјал.
Ова одделение вкупно брои 135 уметнички дела, слики, графики, цртежи со молив, од домашни и странски ликовни уметници.
Збирката уметнички слики од познатиот канадски академски сликар и уметник Мајкл Клос ја сочинуваат 98 слики варијации на тема - портерет во мал формат работени во акварел техника, мал дел во масло и туш. Оваа збирка е подарена од авторот на Завод и Музеј - Прилеп.
Збирката од прилепскиот уметник Ѓорѓи Ачески - Аче ја сочинуваат 26 дела графики на тема македонска стара архитектура и пејсажи.
Останатите 11 уметнички дела се од различни автори и во различни техники.
![]() |
![]() |
| Портрет „Доминик“, акрилик на платно, Мајкл Клос, 1993 | Портрет минијатура, туш и акрилика на хартија, Мајкл Клос, 1992 |
![]() |
![]() |
| Портерет минијатура, туш и акрилик на хартија, Мајкл Клос, 1991 | Портрет минијатура, туш и акрилика на хартија, Мајкл Клос, 1992 |

„Куќата на Стеван Роскопо“, цртеж со туш на хартија,
Ѓ. Ачески – Аче, 1961
![]() |
![]() |
| „Мотив од Велес“ цртеж со туш на хартија, Ѓ. Ачески – Аче, 1955 |
„Прилеп, чаршија“, цртеж со туш на хартија, Ѓ. Ачески – Аче, 1961 |

„Мотив од Прилеп“, цртеж со туш на хартија, Ѓ. Ачески - Аче, 1958

„Стара Архитектура“, цртеж со туш на хартија, Ѓ. Ачески – Аче, 1955
НУ Завод и Музеј
Етнокинезија 












































