Одделението за техничка (илустративна) документација во НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј - Прилеп работи од 1986 година. Техничката (илустративна) документација по својата природа е многу специфична и е од големо значење, а се изработува со цел да се зачува еден автентичен документ за постојната состојба на целокупното движно и недвижно културно богатство кое се наоѓа на територија на општина Прилеп, па и пошироко, како и она кое се наоѓа во депоата на НУ Завод и Музеј Прилеп.
Поради потребата од овој вид на документација во сите други одделенија, ова одделение има тесна соработка со истите, така што во него се изработува техничка (илустративна) документација од областа на:
- Историја на уметност: живопис, иконопис, архитектура и др;
- Археологија: предмети од керамика и метал, монети, накит, теренска документација и др;
- Етнологија: етнолошки материјал;
- Историја: разни предмети.

Средновековен живопис, црква „Св. Никола”, Варош
![]() |
![]() |
| Детаљ од средновековна фреска црква „Св.Никола”, Варош | Средновековна фреска црква „Св.Никола”, с. Слепче |

Источна фасада на средновековна црква, „Св. Георѓи”, полошко

Средновековна фреска, црква „Св. Богородица”, с. Костинци

Источна и западна фасада од средновековна црква, „Св. Никола”, Варош

Средновековна фреска, црква „Св. Никола”, Варош
Техничката (илустративна) документација се изработува во неколку размери според потребите, а се црта во црно бела и колор претстава, на хамер хартија, како и на паус хартија. Изработената документација се користи и во други цели за потребите на НУ Завод и Музеј, како на пример илустративен дел во публикување на материјал од работата на институцијата.
Учество во организирање на изложби од разни области, во графичко – илустративна подготовка на каталози, плакати, покани и др., како и во проекти за евиденција на недвижното и движно културно наследство на територијата на општина Прилеп.

Цртеж на заштитен знак на НУ Завод и Музеј - Прилеп
НУ Завод и Музеј
Етнокинезија 

