НУ Завод и Музеј - Прилеп го реализираше Проектот за конзервацијата и реставрација на иконостасот во црквата “Свето Благовештение” во Прилеп. Со завршувањето на конзерваторско-реставраторските работи на иконостасот во црквата, вратен е неговиот автентичен изглед . Иконостасот кој е долг 16, 80 м., а висок 6,20 метри со извршените конзерваторски, реставраторски, столарски градежни работи е во висок процент стабилизиран, зајакната е носечката конструкција и е дистанциран од директниот контакт со потенцијалните загрозувачи ( контакт со подземна и капиларна влага) . Со овој зафат се придонесува кон зачувување и заштита на значајното културно и духовно наследство за идните генерации
НУ Завод и Музеј
Етнокинезија 
