Почитувани,
Во просториите на НУ Завод и Музеј – Прилеп ќе се одвиваат натпреварите од Меѓународниот Јуниорски турнир во шах, според следниот распоред:
♟️ Вторник, 18.08.2026 – 14:30 часот
📍 Галерија на икони
♟️ Среда, 19.08.2026 – 09:30 часот
📍 Спомен дом на Блаже Конески, с. Небрегово
♟️ Четврток, 20.08.2026 – 14:30 часот
📍 „Меморијален музеј 11 Октомври 1941“ (Участок)
♟️ Петок, 21.08.2026 – 14:30 часот
📍 Галерија на икони
Турнирот започнува денес, понеделник (17.08.2026), во 14:30 часот, со свечено отворање во Кино „Мис Стон“, во Домот на културата „Марко Цепенков“.
Денес, во Спомен домот „Блаже Конески“ во с. Небрегово, се одржаа натпреварите од Меѓународниот јуниорски турнир во шах.
Во прекрасна атмосфера, исполнета со спортски дух, дружење и љубов кон шахот, младите шахисти ги покажаа своите знаења, вештини и борбеност на шаховската табла.
Турнирот продолжува утре ( 20.08.2026 ) во „Меморијален музеј 11 Октомври 1941“ (Участок) со почеток во 14:30 часот .
Со натпреварите во Галеријата на икони , заврши Меѓународниот јуниорски турнир во шах – „Прилеп jуниор 2026“.
Во текот на турнирот, младите шахисти имаа можност да се натпреваруваат, да стекнат нови искуства и да ја покажат својата умешност и посветеност кон шахот, а истовремено преку натпреварите во различни културни простори да се запознаат и со дел од богатото културно наследство на Прилеп.
Честитки до сите учесници за одличното претставување, а посебни честитки до најуспешните шахисти!
Благодарност до организаторите, учесниците и сите кои беа дел од ова убаво шаховско дружење.
НУ Завод и Музеј
Етнокинезија 









