Денес во Домот на културата „Драги Тозија“ – Ресен беше отворена изложбата „Али Фети Окјар – истомисленик и соработник на Ататурк“. Проектот е финансиран од Министерството за култура и туризам, а негов раководител е Рубинчо Белчески, историчар , кустос-советник во НУ Завод и Музеј – Прилеп.

 

Изложбата го претставува животот и делото на прилепчанецот Али Фети Окјар, една од најзначајните личности во развојот на демократијата и создавањето на Република Турција.

 

Благодарност до Домот на културата „Драги Тозија“ – Ресен за соработката и до сите посетители за покажаниот интерес.