Денес во нашата институција се одржа и Интерактивна работилница "Музејска потрага" со ученици од 8 одделение од ООУ Св. "Климент Охридски" - Прилеп. Работилницата ја организираа Оливера Јандреска, виш кустос и Јулијана Талеска, наставничка по македонски јазик. Учениците ги разгледуваа поставките и имаа задача да пополнат наставен лист во кој што имаше избрани музејски артефакти и за нив требаше да одговараат на прашања. Активноста беше интегрирана со наставата по македонски јазик, лексички фонд :домашна и странска лексика.