По повод 18 Мај – Меѓународниот ден на музеите, нашиот музеј денес беше отворен за бесплатно разгледување на сите поставки. Со голема чест и задоволство бевме домаќини на бројни посетители кои покажаа интерес за културното наследство, историјата и музејските вредности. Ви благодариме на сите што денес бевте дел од оваа прекрасна атмосфера и што со вашето присуство ја збогативте оваа значајна манифестација.