Прекрасна атмосфера, многу детски насмевки и креативност ја одбележаа изложбата и работилницата што ја организиравме во соработка со Општина Прилеп, како дел од манифестацијата „Денови на Крали Марко“.

Изразуваме огромна благодарност за соработката и поддршката до:

🤝Општина Прилеп

🏫ООУ „Кире Гаврилоски - Јане“

🏫ООУ „Кочо Рацин“

🏫ООУ „Гоце Делчев“

Посебна благодарност и до градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, кој со своето присуство го збогати настанот и даде силна поддршка за трудот и талентот на нашите најмлади.

Заедно создаваме и ја чуваме традицијата! 🏛️✨