Во Бабанеделиното училиште во Прилеп, а во организација на НУ Завод и Музеј од овој град се промовираше монографијата "Еден музеј на една архитектура", посветена на прилепскиот уметнички великан Ѓорѓи Ачески – Аче. Во училиштето се отвори и Камерната галерија "Аче", како нов културен простор во Прилеп. Пред присутните се обратија: Мимоза Христоска ( директор на НУ Завод и Музеј - Прилеп ) , Елизабета Иваноска ( кустос ) , Александар Еленин ( претставник на списанието "Стремеж") и Кирил Гегоски ( уметник и пријател на Аче ) . Модератор на настанот беше Паре Зареска ( виш кустос ) .
НУ Завод и Музеј
Етнокинезија 




















