Изложба: „Балканскиот јунак Марко“
На 26.12.2025 година во 19.00 часот во Ликовната галерија на НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп се отвори изложбата: „Балканскиот јунак Марко“.
Оваа година се одбележуваат 690 години од раѓањето и 630 години од смртта на Крал Марко (околу 1335 - 17 мај 1395) кој e последниот крал што владеел со поголемиот дел од Македонија. Тој е историска личност, но истовремено, најпознат јунак на епското народно творештво, не само кај македонците, туку и кај другите народи на Балканот. Ги забележавме ,,трагите“ кои ги оставил Марко во сите земји на Балканот и пошироко, но и традицијата која ја негуваат низ разни форми: фрескоживопис, записи, натписи, литературни и ликовни дела, топоними, музејски експонати и многу други нешта поврзани со Марко во разни пори на општественото живеење. Предходното е забележано низ текст и голем број на фотографии, кое веруваме ќе предизвика голем интерес кај целокупната јавност.
Настанот е во рамките на Проектот од областа на музејската дејност одобрен со Годишната програма за работа за 2025 година на НУ Завод и Музеј - Прилеп, поддржана од Министерство за култура и туризам.
Раководител на проектот: Рубинчо Белчески
НУ Завод и Музеј
Етнокинезија 








