Изложба „Врбјанска Чука: зрно по зрно, погача“
На 31.10.2025 година во 19.00 часот се отвори изложбата „Врбјанска Чука: зрно по зрно, погача“ која е резултат на долгогодишната соработка меѓу НУ Завод и Музеј – Прилеп и Центарот за истражување на предисторијата која беше насочена на проучување на овој извонреден неолитски локалитет во Пелагонија. На изложбата што ја подготвивме за локалитетот Врбјанска Чука се претставени сознанијата од мултиплицинарните истражувања изведени во последните 10 години.
На изложбата се претставени најновите резултати од мултидисциплинарните истражувања со повеќе македонски и европски институции, а кои дадоа сосема ново видување на овој мошне значаен локалитет за македонската и светската археологија. Тие ќе бидат изложени заедно со прекрасните артефакти откриени од целокупното проучување на Врбјанска Чука, со што, покрај научните сознанија, ќе бидат истакнати уметничките и техничките достигнуваања на едни од првите земјоделци во Македонија.
На изложбата посетителите ќе можат да ги посведочат убавините на секојдневниот и духовниот живот на населението кое живеело на Врбјанска Чука пред 8 000 години.
Настанот е во рамките на Проектот од областа на музејската дејност: „Програма за одбележување на јубилеј 70 години од основањето на НУ Завод и Музеј - Прилеп, Општествено одговорен Музеј и применета музеологија“, одобрен со Годишната програма за работа за 2025 година на НУ Завод и Музеј - Прилеп, поддржана од Министерство за култура и туризам.
Раководител на проектот: д-р Гоце Наумов
НУ Завод и Музеј
Етнокинезија 













