Работилници: Споменици од НОВ од авторот Богдан Богдановиќ со фокус на споменикот - „Могила на непобедените“, Прилеп
На 29.09.2025 година, НУ Завод и Музеј - Прилеп во соработка со Центар за истражување и валоризација на градителското наследство - Белград и Уметничка галерија на Босна и Херцеговина - Сараево, започна со одржување работилници на тема: Споменици од НОВ од авторот Богдан Богдановиќ со фокус на споменикот - „Могила на непобедените“, Прилеп.
Работилниците ги реализира м-р Аида Шарац Бербиќ, музејски педагог, историчар на уметност во Уметничката галерија на Босна и Херцеговина, Сараево.
Образовни цели: Подигање на свеста кај младите за важноста на споменичната култура и нејзината заштита.
Работилниците се реализираа во текот на пет денови.
Првиот ден на работилницата учествуваа учениците од СОУ „Орде Чопела“, Прилеп со класните раководители: Александар Џинго, Рената Ристоска, Славица Петровска, Наталија Гарбеска, Дијана Лазароска, Сања Јошески и Ѓорѓија Гагалески.
Вториот ден, придружувајќи се кон манифестацијата Европски денови на културно наследство, во соработка со Уметничка галерија на Босна и Херцеговина, Сараево, ја промовиравме единствената споменичка целина, која од идеја до реализација е завршена во само една година (1961). „Могилата“ е дело на Богдан Богдановиќ и прилепските каменоресци кои го разбираа шепотот на мермерот. На оваа работилница присутни беа учениците од ООУ „Климент Охридски“, Прилеп.
Третиот ден на работилницата беа присутни децата од Едукативен центар Генијални умови – Прилеп.
Работилниците на четвртиот ден беа поделени на три групи.
Во првата група учествуваат учениците од прво одделение од ООУ „Добре Јованоски“, Прилеп со класните раководители: Даниела Момироска, Соња Седлоска, Елена Штаргоска и асистент Сара Божароска.
Во втората група учествуваат учениците од четврта година од СОУ „Ристе Ристески-Ричко“, Прилеп со класниот раководител Александар Костадиноски.
Во третата група учествуваа учениците од дневниот престој „Генијални умови“.
Работилниците на петтиот ден беа поделени на пет групи.
Прва група: На денешната работилница учествуваат учениците од трето одделение од ООУ „Рампо Левката“, Прилеп, со класниот раководител Габриела Салатоска.
Втора група: На денешната работилница учествуваат учениците од седмо одделение од ООУ „Рампо Левката“, Прилеп, со класниот раководител Јулијана Давчева Дукоска.
Трета група: На оваа работилница учествуваат петтооделенците од ООУ „Кочо Рацин“, Прилеп, со класните раководители Наташа Мирческа, Стојна Богеска и Наташа Аризанкоска.
Четврта група: На оваа работилница учествуваат учениците од четврто одделение од ООУ „Кочо Рацин“, Прилеп, со своите одделенски наставници Каролина Тренеска и Светлана Велкоска.
Петта група: На оваа работилница учествуваат деца од Детски центар ТИК-ТАК со нивнииот едукатор Николина Димоска.
Настанот е во рамките на Проектот од областа на музејската дејност: „Програма за одбележување на јубилеј 70 години од основањето на НУ Завод и Музеј - Прилеп, Општествено одговорен Музеј и применета музеологија“, одобрен со Годишната програма за работа за 2025 година на НУ Завод и Музеј - Прилеп, поддржана од Министерство за култура и туризам.
НУ Завод и Музеј
Етнокинезија 

















