„Прилепските вајари творци како феникси“ III-та Генерација

 

На 24.09.2025 година во Лапидариумот на НУ Завод и Музеј - Прилеп, беше отворена изложбата: „Прилепските вајари творци како феникси“ III-та Генерација.

На изложбата беа презентирани делата од третата генерација на прилепските вајари, како продолжение на генерациската љубов кон негување на скулптурата во Прилеп.

Беа изложени дела од 10 уметници: Емил Солески, Софија Грабулоска, Марија Стојаноска Петковски, Маја Ралева Миладиновски, Маријан Стојаноски, Миле Брцески, Методи Исков, Филип Перески, Давид Атанасоски и Славчо Павлоски.

Овој проект е од големо значење, пред сè за градот Прилеп, каде љубовта кон создавањето и негувањето на тродимензионалната форма станува традиција.

Проектот е одобрен со Годишната програма за работа за 2025 година на НУ Завод и Музеј - Прилеп, поддржана од Министерство за култура и туризам.

 

Раководител на проектот: м-р Маја Ралева Миладиновски