По повод 110 години од неговото раѓање на ден 12.06.2025 година во 20.00 часот, во неговата родна куќа во Прилеп (денес, Меморијален Музеј „Кузман Јосифоски - Питу) ќе проговориме за неговиот лик и неисцрпно дело, а преку фотографии ќе ги прикажеме неговите „траги“ низ слободна МАКЕДОНИЈА за која мечтаел.

Тој е еден од најсветлите личности во современата македонска историја, великан кој бескомпромисно ги бранел македонските национални особености, продолжувач на Илинденската традиција, еден од главните организатори на антифашистичката борба, личност што го трасирал патот кон македонската државност.

Настанот е во рамките на Проектот од областа на музејската дејност: „Програма за одбележување на јубилеј 70 години од основањето на НУ Завод и Музеј - Прилеп, Општествено одговорен Музеј и применета музеологија“, одобрен со Годишната програма за работа за 2025 година на НУ Завод и Музеј - Прилеп, поддржана од Министерство за култура и туризам.

 

Раководител на проектот: Рубинчо Белчески