На 21.05.2025 година започна проектот: „Цртаме историја - креираме иднина“.
Со срце и душа учениците ќе чекорат по патеките на минатото, посетувајќи ја куќата на Кузман Јосифоски - Питу, чиј двор ќе биде нивна творечка оаза.
Тука, меѓу Лапидариумот, Етнолошката, Археолошката поставка и Роднокрајната музичка збирка, ќе ги почувствуваат живите допири на историјата.
Секој ученик доби инспиративно писмо, лично посветено, како поттик и охрабрување да ги изрази своите впечатоци и креативност преку дела. Веруваме дека низ нивните раце и срца минатото ќе оживее и ќе создаде мост кон иднината.
Настанот е во рамките на Проектот од областа на музејската дејност: „Програма за одбележување на јубилеј 70 години од основањето на НУ Завод и Музеј - Прилеп, Општествено одговорен Музеј и применета музеологија“, одобрен со Годишната програма за работа за 2025 година на НУ Завод и Музеј - Прилеп, поддржана од Министерство за култура и туризам.
Благодарност до учениците од СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ – Прилеп, СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп и до менторот Александар Џинго.
Учесници:
· Ева Јашмакоска – „Пронајдена слобода“,
· Софија Димитриеска – „Ткаена гордост“,
· Леонида Илијоска – „Златната драперија“,
· Арсениј Солевски – „Асклепиј“,
· Марко Залтевски – „Симболика“,
· Матеја Петреска – „Скеманети во времето“,
· Стефан Станкоски – „Драперија“,
· Душица Петкоска – „Будење на музиката (грамофон)“,
· Матеја Блажеска – „Фаустина“,
· Тамара Блажески – „Собата на Кузман Јосифоски – Питу“,
· Сара Блажески – „Хармониум 1918 г.“,
· Елена Атанасоска – „Ангели на смртта“,
· Нина Самарџиоска – „Артемида“,
· Анастасија Солевска – „Фауситна II“,
· Симона Тасеска – „Фаустина“,
· Тамара Ристеска – „Артемида“,
· Алина Андоноска – „Артемида“,
· Маја Гулабоска – „Ибрик“,
· Тамара Кекелеска – „Торзо“,
· Јоана Џинго – „Архангел Гаврил“.
Со срце и боја учениците ја пренесоа историјата на платно - нивните дела не се само уметност, туку и жива приказна што ќе остане!
Секоја чест, млади уметници - вие сте веќе дел од историјата!
Раководител на проектот: Габриела Христовска
Ментор: Александар Џинго
НУ Завод и Музеј
Етнокинезија 
















