На 08.05.2025 година во просториите на НУ Завод и Музеј-Прилеп, се одржа настанот ЕКФРАСИЈА – цртам зборови говорам слики.

 

Девет ликовни уметници: Александар Џинго, Ферди Булут, Дарко Талески, Бојана Артиновска, Марта Макеска, Маја Најдоска, Марјан Стојаноски, Елена Димеска и Славчо Павлоски, и девет литературни творци: Лина Димоска, Марија Симоноска, Петар Петрески, Блага Тутеска,  Божана Тренческа, Верче Искова, Марија Ѓорѓиоска, Тони Павлески и Елена Јандреоски, ја потврдија историјата на поврзаноста на уметничките медиуми, нивната зависност и неминовност во создавањето на она што поминува низ времето, а трае во вечноста. Како што Хомер во својата Илијада го овековечи со незаборав Ахиловиот штит.

 

Нема ништо поубаво од уметноста, само таа се помни и се вткајува во генезата  на оние што допрва ќе се родат. Само таа умее да го издвои убавото од минатото, да не поттикне во сегашноста да создаваме несебично и чувствено за иднината.

 

Настанот беше во рамките на Проектот од областа на музејската дејност: „Програма за одбележување на јубилеј 70 години од основањето на НУ Завод и Музеј-Прилеп, Општествено одговорен Музеј и применета музеологија“, одобрен со Годишната програма за работа за 2025 година на НУ Завод и Музеј - Прилеп, поддржана од Министерство за култура и туризам.

 

Раководители на проектот: Елизабета Иваноска и Паре Заревска