На 05 мај 2025 година се одржа еднодневна манифестацијата, креирана по повод одбележување на јубилеите: 80 години македонската азбука и 20 години Спомен дом „Блаже Конески“, која е во рамките на Проектот од областа на музејската дејност: „Програма за одбележување на јубилеј 70 години од основањето на НУ Завод и Музеј-Прилеп, Општествено одговорен Музеј и применета музеологија“, одобрена со Годишната програма за работа за 2025 година на НУ Завод и Музеј - Прилеп, поддржана од Министерство за култура и туризам.
На 5 Мај го одбележуваме Денот на македонскиот јазик, денот кога во 1945 година е озаконета македонската азбука. Тоа не е само обичен датум, туку ден што нè потсетува колку е важен јазикот со кој зборуваме, со кој мислиме, пееме, раскажуваме приказни…
Овој ден го славиме како празник на зборот, на идентитетот и на духовната сила на нашата татковина. Посебно внимание годинава му посветуваме на Блаже Конески, творецот кој го вгради своето срце во македонскиот јазик, оставајќи ни зад себе светла патека по која чекори секое дете што рецитира, пишува или едноставно сака да зборува на својот мајчин јазик.
Во рамките на настанот, учествуваат ученици од ООУ „Блаже Конески“, Прилеп, кои преку креативни активности, поетски изведби и живи слики ќе го доловат делото на Конески и ќе ја пренесат неговата мисла – онаа што секогаш повикува да го чуваме јазикот како што се чува огниште. Во воздухот лебди гласот на Конески, кој шепоти: „Чувајте го јазикот – тој е нашата татковина.“
Јазикот не е само збор. Тој е наш дом. Нашата сила. Нашето име.
Вредните ученици од ООУ „Блаже Конески“, Прилеп, внимателно го слушаа упатството како да ги завршат енигматските задачи.
Мозочињата ги „ставија во погон“ и побрзаа вредно да го искористат денот. Што би се рекло - си ја грабнаа работата под мишка.
Како што рековме така направивме - се собравме со намера да си поминеме еден ден исполнет со случувања кои ќе се паметат, на кои пред сé со радост ќе се сеќаваме. Попатно, ако низ насмевка, со радост, искажете некој нов епитет за детето од Небрегово, за прилепскиот гимназијалец, за македонскиот академик, за човекот Блаже Конески, соговорниците ваши, на нивните соговорници ќе им раскажуваат.
Раководители на проектот:
Паре Заревска
Горанчо Цветкоски
НУ Завод и Музеј
Етнокинезија 





















