На 18 мај 2025 година, НУ Завод и Музеј - Прилеп го одбележа Меѓународниот ден на музеите. Го славиме овој ден, кој од 1977 година од страна на Меѓународниот совет на музеите ИКОМ (ICOM) се слави како Меѓународен ден на музеите.
Секоја година на овој ден, слободен е влезот за сите посетители во музеите ширум светот.
По тој повод посетителите на НУ Завод и Музеј - Прилеп, имаа можност да ги разгледаат:
· Меморијален музеј „Кузман Јосифоски Питу“,
· Меморијален музеј „11ти Октомври 1941“ – Участак,
· Музеј за тутун - постојана поставка,
· Галерија на икони - постојана поставка,
· Археолошка поставка,
· Лапидариум,
· Етнолошка поставка,
· Роднокрајна музичка поставка.
НУ Завод и Музеј
Етнокинезија 

































