На 07.10.2024 година во рамките на настанот „Европски денови на културно наследство 2024“ под наслов „Накитот низ вековите во Македонија како инспирација за идните генерации“ беа реализирани две работилници во едукативниот центар на НУ Завод и Музеј - Прилеп.
Работилницата беше реализирана во соработка со прилепските училишта СОУ „Ристе Ристески-Ричко“ - ученици од I-ва година - графички дизајн под водство на наставник Методи Исков и ученици од ООУ „Кочо Рацин“ - IV-то одделение со наставничката Павлинче Велјановска.
Целта на настанот беше запознавање на учениците со тоа како се изработувал накитот во минатото низ историјата преку приложени фотографии. За изработката на накит на учениците им беа дадени десетина примери, кои им беа поттик за реализација на нивните изработки на накит. На работилница учениците ја покажаа својата креативност и изработија прекрасни детски изработки на средновековен накит.
Реализација на настанот: м-р Маја Ралева - Миладиновски
НУ Завод и Музеј
Етнокинезија 












