Во текот на 2024 година го реализиравме проектот „Потомците на борците“. Разменивме впечатоци, информации, дојдовме до голем број на податоци, фотографии и други податоци поврзани со Вашите родители, роднини, предци, борци во НОВ 1941-1945, но некои и учесници во изградбата на Македонија.
Изразуваме благодарност и до Министерството за култура и туризам за финансиската поддршка на проектот.
Националната установа Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј - Прилеп и во иднина ќе реализира вакви проекти и секогаш ќе стои на располагање на сите заинтересирани, во функција на подигнување на свеста и односот кон овој период од историјата на Македонија, кој довел до нејзина слобода и државност.
Средба во СКОПЈЕ, 26.12.2024 година, „ПОТОМЦИТЕ НА БОРЦИТЕ“ (ќерки и синови, внуки и внуци, правнуки и правнуци), исполнета со емоции и љубов, пиетет и респект кон востаниците и партизаните, кон борбата и слободата.
СЛАВА НА БОРЦИТЕ - БЛАГОДАРНОСТ ДО ПОТОМЦИТЕ!
Средба во ПРИЛЕП, 27.12.2024 година.
„ПОТОМЦИТЕ НА БОРЦИТЕ“ - Завршни активности на проектот на НУ Завод и Музеј - Прилеп. Прилепчани со емотивни сеќевања за своите најмили и желби за следни настани.
СЛАВА НА БОРЦИТЕ - БЛАГОДАРНОСТ ДО ПОТОМЦИТЕ!
НУ Завод и Музеј
Етнокинезија 




























