На 09.10.2024 година во 20.00 часот беше отворена Изложба на фотографии од „ЗЛАТНИОТ АНТИЧКИ НАОД С. ТРЕМНИК, НЕГОТИНО“. Оваа изложба во организација на НУ Завод и Музеј Прилеп и Општинска установа Музеј на град Неготино воедно беше значаен дел од Програмата на општина Прилеп по повод 11 Октомври - Ден на народното востание на македонскиот народ.

 

            Изложбата беше поставена во Лапидариумот на НУ Завод и Музеј - Прилеп, која претставува извонредна колекција на фотографии од златниот антички наод од село Тремник, Неготино и уште еднаш нè потсетува на богатото културно наследство кое го имаме.