Во Роднокрајната музичка поставка на НУ Завод и Музеј - Прилеп во рамките на настанот „Европски денови на културно наследство 2024“ на 03.10.2024 година беше одржан настанот „Едукативна работилница и Хорски изведби од основношколци на роднокрајни песни“.
Хорот од ООУ „Климент Охридски“, Прилеп под водство на наставничката Маја Џопа ни ја збогати програмата со изведба на неколку стари народни песни како и песната од роднокраецот Влатко Стефаноски - „Чукни во дрво“.
Благодарност и до вторачињата од ООУ „Кочо Рацин“ - Прилеп во „Едукативната работилница и хорски изведби на роднокрајни песни“.
Научивме што се тоа стари народни инструменти, тапан, гајда, зурла, дудук, кавал, хармониум, зборувавме со малите вторачиња кои инструментите сами ги идентификуваа во музичката поставка врз основа на тоа што го учеле со наставничката, а им е во редовна наставна програма за второ одделение по музичко образование.
Како се забавуваат денес младите, беше темата на која говоревме со учениците од деветтите одделенија од ООУ „Климент Охридски“. Дали знаат како и преку кои форми на здружување се забавувале нивните предци? Забава, рефене, матине, кермес, повечеринка, се само дел од музичките форми на здружувања на младите од Прилеп во минатото, што за нив беше многу интересно спознавање.
Кои се нашите музички роднокрајци од Прилеп и прилепско и каков придонес имаат за развој на музиката во нашата држава? – Пеце Атанасоски, Гога Зафироски, Илија Јанчулески, Нина Спирова, Селимова – Желчески, Блага Петреска, Коста Смилески, КУД „Мирче Ацев“, од забавните пак „Бен Хур“, „Ристо Бомбата и Кучешка тенија“, „Crossroad blues bend“ и други.
Реализација на настанот: м-р Лилјана Неделкоска, библиотекар




НУ Завод и Музеј
Етнокинезија 