03.10.2024 година - Европски денови на културно наследство 2024
Локација: едукативен центар и археолошка поставка
Целна група: ученици на возраст од 12 до 14 години
Цел: Поттикнување на интерес за културното наследство и согледување на промените на материјалната култура во време на организирано и слободно движење во различни временски периоди.
За да ги отвориме музејските порти одговоривме на на прашањата: Од кога луѓето почнале да патуваат? Зошто точно во средниот век се градат кули и обградни ѕидови околу населбите? Каде се граделе кулите? Кое е името на убацата од Дебреште? Како се вика уникатниот инструмент за мерење на времето пронајден во Дебреште? Зошто се појавуваат караваните. Потоа ги погледнавме постојаните археолошка и етнолошка поставки, за непосредно ја приметиме разноликоста на материјалните вредности и предизвиканата промена и во духовната сфера.
Поделивме промотивни и едукативни печатени материјали: Лифлети со: археолошки локалитети и клучни зборови; Музејски пасош и Благодарници за учество
Реализација: м-р Паре Зареска, виш кустос



НУ Завод и Музеј
Етнокинезија 