На 30.09.2024 година, во рамките на настанот „Европски денови на културното наследство 2024“ беше отворена изложба од современа уметност под наслов „Современата уметност како инспирација за идните генерации“. Изложбата беше во Лапидариумот при НУ Завод и Музеј – Прилеп. Изложбата содржи дела од прилепските уметници како дел од современата македонската уметност.
Учесници: Емил Солески, Методи Исков, Верче Николоска, Марјан Стојаноски, Лепа Милошеска, Елена Димоска, Филип Јовески, Вилип Перески, Маја Ралева Миладиновски и Славчо Павлоски.
Во посета на настанот беа учениците од прилепските училишта: СОУ „Ѓорче Петров“ - текстилна струка, ООУ „Добре Јованоски“ - V1, V2 и V3 одделение и ООУ ,,Кочо Рацин" - ученици од IV-тите одделенија.
Учениците ја разгледаа изложбата и им поставуваа прашања на присутните уметници, внимателно слушајќи ги нивните објаснувања. На крај сите присутни ученици добија „Музејски Пасош“, а на наставниците и учесниците им беа доделени „Благодарници“ за соработката.
Реализација на настанот: м-р Маја Ралева Миладиновски и Друштвото на Ликовни Уметници од Прилеп во соработка со НУ Завод и Музеј - Прилеп.










НУ Завод и Музеј
Етнокинезија 