На ден 27.09.2024 година, во рамките на настанот „Европски денови на културното наследство 2024“, во едукативниот центар и археолошката поставка на НУ Завод и Музеј - Прилеп беше одржано предавање на тема: „Сите патишта водат кон Рим“, Античката патна мрежа и експлоатацијата на прилепскиот мермер“. Се одржаа две предавања, на кои присуствуваа група ученици од прилепското училиште СОУ „Ристе Ристески-Ричко“.
Ова предавање беше со цел учениците да се запознаат со почетоците и методологијата на градењето на римската патна мрежа, да се здобијат со основно познавање на импресивните инженерски вештини и логистика на античките Римјани. Да ги продлабочат знаењата за воената логистика преку наведени примери за примарната цел во римскиот систем на автопати - воениот транспорт. Исто така, учениците имаа можност да се запознаат со повеќе примери за начинот на експлоатација на мермерот во античкиот период од најпознатото рудно наоѓалиште за мермер – Сивец, во околината на Прилеп до локалните скулпторски работилници.
Реализација на настанот: м-р Оливера Јандреска, виш кустос







НУ Завод и Музеј
Етнокинезија 