Во рамките на манифестацијата „Европски денови на културно наследство 2024“, НУ Завод и Музеј - Прилеп на 26.09.2024 година во Музејот за тутун организира Тематска изложба на каширани фотографии, со дебата на тема „Симболичка Акултурација на Феноменот на тутунот во Македонија“.
Активноста беше реализирана со воведна изложба на споменатата тема, која се одвиваше со класично музејско водење на посетителите низ салата на Музејот за тутун, каде на 32 штафелаи беа изложени 44 каширани фотографии – индикативно избрани да ја презентираат нашата централна тема. Во тематското водење на посетителите се говореше за нарациите, кои тутунот ги творел околу себе во светот и како и кави нарации тој создал кај нас. Поинаку, ова беше изложба за „приказна за приказните“, што наиде на добар одзив кај дискутантите, а акцент беше ставен на Прилеп и неговите базични приказни – наменети за туристичкиот пазар и базиран на нашите споменици на културата, годишни јавни или општински настани, познати личности, места и историски содржини.
Заклучено беше дека нарацијата за овој град треба да ја создаваат сите, не заборавајќи на институциите од областа на науката и културата, кои се носители на знаењето и информациите. За таа цел институциите мораат потесно и поплански да соработуваат (прво) меѓу себе, па потоа со сите други заинтересирани и туристичкиот сектор.
Реализација на настанот: Александар Цветкоски, кустос советник





НУ Завод и Музеј
Етнокинезија 