На ден 24.09.2024 во рамките на настанот „Европски денови на културно наследство 2024“, во едукативниот центар и археолошката поставка на НУ Завод и Музеј - Прилеп беше одржано предавање на тема „Македонија – раскрсница на Балканот во минатото“.

            Се одржаа две предавања, на кои присуствуваа по една група на ученици од прилепските училишта СОЕПТУ "Кузман Јосифоски - Питу" и ОУ „Добре Јованоски“.

            Фокусот на предавањето беше запознавање на учениците со значењето на географската положба на РС Македонија, која отсекогаш била раскрсница каде се преплетувале култури од соседните региони.

            Во праисторијата поврзаноста со нив е преку глинените фигурини на мајки - богинки и разни облици на садови и накит, во времето на Римската империја, тоа е главната патна артерија VIA EGNATIA, додека во средниот век градот Прилеп во еден период имал особена трговска врска со влијателните градови републики Венеција и Дубровник.

 

Реализација на настанот: Душко Темелкоски, кустос советник