На 23.09.2024 година, во рамките на настанот „Европски денови на културно наследство 2024“ во едукативниот центар на НУ Завод и Музеј - Прилеп беше одржано предавање на тема „Револутивните изуми и симболичката комуникација во неолитот низ призмата на локалитетот Врбјанска Чука“. Предавањето се концентрираше на почетоците на неолитот и новите појави во тоа време, како што се припитомувањето животни, доместицирањето растенија, приготвувањето на лебот, примената на керамиката, градењето на првите куќи, сликањето на садовите, изработката на човечките претстави итн. Овие мошне значајни достигнувања за човековата еволуција се претставија преку примери евидентирани во Пелагонија и особено на археолошкиот локалитет Врбјанска Чука кај Славеј. Присутните ученици беа мошне љубопитни и преку интеракција со гостинот се запознаваа со придобивките на неолитот и нивниот континуитет до денес.

https://www.youtube.com/watch?v=ONLM1WFDkLs

 

Реализација на настанот: д-р Гоце Наумов