Во рамките на манифестацијата „Европски денови на културно наследство 2024“ го реализиравме настанот „Ченто во училишните библиотеки“, со кој ја продлабочивме добрата соработка помеѓу НУ Завод и Музеј – Прилеп и училиштата од општините Прилеп, Долнени и Кривогаштани. 

            Во годината кога одбележуваме 80 години од одржувањето на Првото заседание на АСНОМ чиј претседател на Президиумот бил Методија Андонов - Ченто, човекот - визионер кој се бореше за независна и самостојна Македонија, на сите училишни библиотеки подаривме по еден примерок од Фотомонографијата „Ченто - биографија низ фотографија“ во издание на НУ Завод и Музеј - Прилеп, од авторот Рубинчо Белчески, историчар кустос советник.

            Средбата со претставници на училиштата се одржа на 23 септември 2024 година (понеделник) во 11.00 часот, во Меморијалниот музеј „11 ОКТОМВРИ 1941“ – Прилеп, каде е поставена и истоимената изложба. 

Реализација на настанот: Рубинчо Белчески, кустос советник