Проект од областа на меѓународна дејност. 

Целта на проектот беше да се реализира идна соработка во функција на спроведување на заеднички истражувања и реализирање на проекти од областа на заштитата на културното наследство со Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици (ЕКБММ) во Солун, Р. Грција.

Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици (ЕКБММ) е основан 1997 г. и е под надлежност на Министерството за култура на Р. Грција. Основните цели на Центарот е да промовира научни истражувања од областа на музеологијата, археолошки ископувања, реставрацијата, конзервацијата и проучувањето на византиските и поствизантиските, споменици и дела на европско и меѓународно ниво, како и организирање на курсеви за обука, доделување на стипендии за научни студии или учество во научно-истражувачки проекти, публикување на научни студии и сл. Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици (ЕКБММ) изработува и реализира проекти во земји надвор од Р. Грција со фонд од ЕУ.