Проектот беше предвиден во три фази и сите три се реализирани. Со цел запознавање, но и зачувување на исклучително богатото македонското културно- историско наследство
Во рамките на годишната програма на НУ Завод и Музеј-Прилеп одобрено од страна на Министерство за култура за 2023 година, го реализиравме проектот „МАРИОВСКИТЕ НАРОДНИ НОСИИ - СЕГА И ОВДЕ“ кој вклучува едукација и популаризација на нашето културно наследство за деца и млади. Раководител на проектот: М-р Маја Ралева Миладиновски.
Проектот беше предвиден во три фази и сите три се реализирани. Со цел запознавање, но и зачувување на исклучително богатото македонското културно- историско наследство кое не’ отсликува како посебен народ, со свои специфични одлики и карактеристики, четириесетина ученици од неколку основни и средни прилепски училишта беа вклучени во проектот „МАРИОВСКИТЕ НАРОДНИ НОСИИ - СЕГА И ОВДЕ“ на НУ „Завод и Музеј“ – Прилеп во кој се запознаа со нашата традиција и имаа прилика да видат дека некогашните народни носии навистина се едно вистинско културно богатство - македoнската народна носија од мариовскиот крај со сите делови од носијата, поточно мариовската женска носија која е најспецифична и се разликува од сите други по својата бројност на елементи и по својата тежина која е некаде околу 64 килограми и е многу тешка за изработување.
Како соработник/консилтант беше повикан Стручен соработник етнолог Горан Василевски кој покрај своето образование како етнолог е и активен член во КУД „Мирче Ацев“ – Прилеп и во организацискиот одбор на Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски – Долнени“ - Прилеп.
Учениците и покрај тоа што доаѓа од различни средини и различни по возраст, покажаа исклучителна креативност и меѓусебна соработка при изработката на носиите.
Целта беше да се покаже како нашите баби и дедовци работеле и дека и во тогашно време се труделе да бидат модерни, да бидат убави, а особено кога имало свечености.
Иако на почетокот ниедно од децата немаа претстава што ќе се работи, меѓутоа имавме еден пресврт кога ни гостуваа овде и нешто што не очекувавме, го добивме како резултат. Се зголеми интересот, се зголеми бројот на деца а со тоа и бројот на изработени кукли, што беше задоволство да се види.
Куклите се изработуваа од природни материјали кои учениците ги добиваа на самата Работилница која траеше четири дена, а додека моделите, како пример им беа презентирани од оригиналните носии кои ги поседува КУД „Мирче Ацев“.
ООУ. „КОЧО РАЦИН“ и наставничките Павлинче Велјановска и Габриела Стојаноска - Станоевска со група ученици од II и VII одделение. Секако како за почеток на проектот очекувањата беа неочекувано надминати особено затоа што имавме бројка на деца повеќе од предвиденото од II и VII одделение.
СОУ„Ѓорче Петров“ Прилеп, Текстилно - кожарската струка/Техничар за изработка на облека, ученици од I, II, III и IV година, под раководство на професорката Јулијана Поповска .
СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп , ученици од II година, под раководство на професорот Александар Џинго.
СОУ „Ристе Ристевски – Ричко“ (Индустриско), ученици од II година, под раководство на професор Методи Исков.
Проектот „Мариовската народна носија – сега и овде“ започна со реализација на 02.05.2023 г., а завршивме до 22.05.2023 г.




НУ Завод и Музеј
Етнокинезија 