На проектот учествуваа 5 аматери сликари и 6 академски сликари. Овој проект ќе остави 22 дела во одделението за современа уметност при НУ Завод и Музеј - Прилеп, и истите на прилепската јавност ќе и бидат презентирани на изложба во ликовната галерија НУЦК „Марко Цепенков“
Проектот „Инклузивни Музеи“ - уметноста во служба на убавото и корисното, II сликарска работилница. Започна со реализација на 15.05.2023 година, а заврши на 29.05.2023 година. Се одвиваше на две локации, Вештачкото Езеро и с. Селце во манастирот Св. Димитрија во околината на Прилеп. На проектот учествуваа 5 аматери сликари и 6 академски сликари. Овој проект ќе остави 22 дела во одделението за современа уметност при НУ Завод и Музеј - Прилеп, и истите на прилепската јавност ќе и бидат презентирани на изложба во ликовната галерија НУЦК „Марко Цепенков“ во ноември оваа година. Проектот е значаен не само од уметнички туку и од културен и социјален аспект. Носители на проектот: Елизабета Иваноска и Габриела Христовска.








НУ Завод и Музеј
Етнокинезија 