НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј - Прилеп, на 8-ми мај 2023 година, во рамките на реализацијата на проектот „Али Фети Окјар - истомисленик и соработник на Ататурк“ ја одбележа 80 годишнината од смртта на еден од најпознатите турски државници, истакнат турски политичар, дипломат и демократ - Али Фети Окјар (1880-1943), соработник на Мустафа Кемал Ататурк, а наш сограѓанин. На настанот пред присутните: поздравно обраќање имаше Горанчо Цветкоски - в.д. директор на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј - Прилеп. За животот на Али Фети Окјар говореше Рубинчо Белчески - кустос советник, историчар, носител на проектот кој е поддржан од Министерството за култура на Р.С. Македонија. На одбележувањето свое обраќање имаше и внукот на Окјар - професор д-р Али Фети Окјар и Н.Е. Хасан Мехмет Секизќок, амбасадор на Р.Турција во Р.С. Македонија. На настанот, пред присутните се обрати и градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески, како и директорката на Градската библиотека „Борка Талески“, Моника Талеска. Во втората фаза од реализацијата на проектот, по дополнителните истражувања, се планира да се подготви изложба која ќе се реализира кон крајот на 2023 година, а по повод: 80 години од смртта на Али Фети Окјар, 85 години од смртта на Ататурк и 100 години од прогласувањето на Турција за Република.