• muzejprilep@yahoo.com | ул. ,,Александар Македонски'' бр.400 | Прилеп, Република Северна Македонија | www.muzejprilep.org.mk |

СПОМЕН ДОМ „БЛАЖЕ КОНЕСКИ“

Објектот Спомен дом “Блаже Конески” во село Небрегово, како значаен споменик на културата, припаѓа на руралната архитектура. Неговата концепција е одраз на времето, просторот и поднебјето во кој е создаден и по сите проценки е изграден кон крајот на XIX век или на почетокот на XX век. Тоа е куќа на кат, објект од т.н. затворен тип, без посебно издвоен отворен дел од чардак. Помошните објекти кои го заокружуваат економскиот живот на домаќините се лоцирани периферно на парцелата. Она по што посебно се издвојува оваа куќа е фактот што во неа се родил великанот на македонската книжевност и литература Блаже Конески, чие дело и личност заслужува посебен пиетет. Тој е основоположник на модерниот македонски книжевен јазик, еден од основачите на МАНУ, голем поет, добитник на “Златниот венец” на Струшките вечери на поезијата, професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Изработен е проект за реставрација, конзервација и ревитализација на објектот, кој во најскоро време треба да биде реализиран.