• muzejprilep@yahoo.com

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ТЕХНИЧКА / ИЛУСТРАТИВНА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Одделението за техничка (илустративна) документација во НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј - Прилеп работи од 1986 година. Техничката (илустративна) документација по својата природа е многу специфична и е од големо значење, а се изработува со цел да се зачува еден автентичен документ за постојната состојба на целокупното движно и недвижно културно богатство кое се наоѓа на територија на општина Прилеп, па и пошироко, како и она кое се наоѓа во депоата на НУ Завод и Музеј - Прилеп. Поради потребата од овој вид на документација во сите други одделенија, ова одделение има тесна соработка со истите, така што во него се изработува техничка (илустративна) документација од областа на: - Историја на уметност: живопис, иконопис, архитектура и др; - Археологија: предмети од керамика и метал, монети, накит, теренска документација и др; - Етнологија: етнолошки материјал; - Историја: разни предмети.