• muzejprilep@muzejprilep.org.mk | ул. ,,Александар Македонски'' бр.400 | Прилеп, Република Северна Македонија | www.muzejprilep.org.mk |

ЕТНОЛОГИЈА

Одделение за етнологија Со формирањето на Народниот музеј во Прилеп како самостојна институција за чување и презентирање на целокупното духовно и материјално наследство, во негови рамки работи и Одделението за етнологија. Првиот званично заведен предмет во Инвентарните книги на Одделението за етнологија е на 9.01.1956 година.

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЕТНОЛОГИЈА

Со формирањето на Народниот музеј во Прилеп како самостојна институција за чување и презентирање на целокупното духовно и материјално наследство, во негови рамки работи и Одделението за етнологија. Првиот званично заведен предмет во Инвентарните книги на Одделението за етнологија е на 9.01.1956 година.

РЕФЕРАТ ЗА СОЦИЈАЛНА И ДУХОВНА КУЛТУРА

Преовладувачка задача на Рефератот за социјална и духовна култура во Одделението за етнологија е да ги истражува, собира и презентира традициските и духовни вредности и особености на подрачјето на општина Прилеп, како што се: Обичаи и обичајно поведение; Религиски манифестации, религиско поведение; Народни вер увања, празноверија и нивна манифестација; Народни умотворби, приказни, сите други манифестации на човековиот дух и верувањата, убедувања и ставови кои се поврзани со материјалната култура; Социјално уредување на групите некогаш и сега, интеракција помеѓу луѓето, материјални и духовни манифестации произлезени од специфичниот начин на уредување на микро социумот; Современи состојби на однесувањето и верувањето; Сите други духовни и социјални манифестации.

РЕФЕРАТ ЗА МАТЕРИЈАЛНА КУЛТУРА

Збирки од материјалната култура Предметите од материјалната култура во Одделението за етнологија во рамките на Рефератот за материјална култура се поделени во неколку збирки, од кои некои импонираат со својата бројност: Збирка на предмети од метал, Збирка на накит, Збирка на предмети од текстил, Збирка на предмети од керамика и Збирка на предмети од дрво.