• muzejprilep@muzejprilep.org.mk | ул. ,,Александар Македонски'' бр.400 | Прилеп, Република Северна Македонија | www.muzejprilep.org.mk |

АРХЕОЛОГИЈА

Одделение за археологија Одделението за археологија постои од формирањето на Народниот музеј - Прилеп во 1955 година, кој во 1981 година прераснува во НУ Завод за заштита на спомениците на култура, природните реткости и Музеј. Одделението во 1960 година е поделено на четири реферати: Реферат за Праисторија, Реферат за Антика, Реферат за Нумизматика и Реферат за Среден век.

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА АРХЕОЛОГИЈА

Одделението за археологија постои од формирањето на Народниот музеј - Прилеп во 1955 година, кој во 1981 година прераснува во НУ Завод за заштита на спомениците на култура, природните реткости и Музеј. Одделението во 1960 година е поделено на четири реферати: Реферат за Праисторија, Реферат за Антика, Реферат за Нумизматика и Реферат за Среден век.

РЕФЕРАТ ЗА ПРАИСТОРИЈА

Од самото формирање на Народниот музеј во Прилеп 1955 година започнуваат проучувањата на праисториските епохи во прилепскиот регион. До денес сеуште не се откриени наоѓалишта од старото камено време- палеолитот. Номадскиот начин на живеење е една од главните причини поради која што тешко можат да се лоцираат траги од оваа најстара етапа на човековиот развој.

РЕФЕРАТ ЗА АНТИКА

Заради својата недоволна екипираност, НУ Завод и Музеј - Прилеп во почетните години од своето постоење како Народен музеј вршел само мали, заштитни археолошки истражувања, како што се оние на доцноантичката некропола Бостаниште кај село Алинци, хеленистичко-римската некропола Гумење кај манастирот Трескавец, доцноантичките некрополи Ташачица и Бакалица кај Варош, комплексот Маркови Кули и други.

РЕФЕРАТ ЗА СРЕДЕН ВЕК

Почнувајќи од 1958 година па до денес, Народниот музеј Прилеп, а од 1981 година НУ Завод и Музеј - Прилеп има вршено истражувања на повеќе археолошки локалитети од средновековниот период и тоа: локалитетот Маркови Кули во Варош, локалитетот Градиште кај село Дебреште, локалитетот Илино кај село Лениште, локалитетот Задна река- Грмајте кај село Витолиште, локалитетот Трпчева Црква кај село Дуње, локалитетот Страгата кај село Крушевица, локалитетот Врбјанска Чука кај село Славеј, како и просторот околу црквите “Св.Никола” во село Манастир и “Св. Ѓорѓија “ во село Пресил.

РЕФЕРАТ ЗА НУМИЗМАТИКА

Рефератот за нумизматика во рамките на Одделението за археологија ги прибира, обработува и чува монетите откриени при археолошките истражувања и рекогносцирања, како и откупените монети од доносителите од теренот. При откупот на монетите посебно внимание се посветува на тоа да се забележат основните податоци за местото каде се тие пронајдени, како и околностите под кои тие се откриени, со што би се добиле повеќе вредни податоци за движењето на монетите во односното време.