Градската архитектура е сконцентрирана во централното градско подрачје и е поделена на две групи. Првата група се објекти од крајот на XIX век, изградени во духот на традиционалната македонска архитектура, а во втората група спаѓаат објекти изградени во почетокот на XX век со примеси на европските стилови. Најзначен објект од втората група на објекти е куќата на Бектешовци, којшто обилува со многу убави детали на фасадите и ентериерот.

 

За жал станбените објекти од градската архитектура ги има се помалку со оглед на финансиската состојба на сопствениците и состојбата на градителството во пошироката заедница. Иако оваа архитектура не поседува високи архитектонско-естетски вредности, сепак таа отсликува и презентира еден период на градителската активност во градот.