Денови на Европското културно наследство

Отварање на Лапидариум по повод Денот на Музеите

Желбата да се остани засекогаш во колективната меморија на луѓето, преку вечноста на каменот, резултира со исклучително богата збирка на епиграфски споменици и камена пластика од прилепскиот регион, која од денес е дел од Лапидариумот на НУ Завод и Музеј - Прилеп. Лапидариум претставува место т.е. отворен простор, во кој се изложени камени споменици. Збирката на епиграфски споменици и камена пластика на НУ Завод и Музеј - Прилеп содржи над 100 експонати: надгробни стели, епиграфски натписи, скулптури, ари, архитектонска камена пластика, сончев часовник (хорологион), релјефни бисти, вотивни релјефи, антропоморфни стели, капаци од урни и еден милјоказ. Најрепрезентативни наоди претставуваат мермерната антропоморфна пластика и епиграфските споменици од античка Стибера, мермерни надгробни стели и ари од повеќе археолошки локалитети, од кои дознаваме за духовноста и верувањето во задгробниот живот на нашите предци.

 

 

 

 

 

 

По повод 11ти Октомври, во Прилеп откриена реплика во мермер на орденот „Народен Херој“

На иницијатива на НУ Завод и музеј Прилеп, а во соработка со локалната самоуправа, вратена е репликата во мермер на орденот „Народен херој“ за градот Прилеп.
Градоначалникот Илија Јованоски му го предаде орденот на директорот на НУ Завод и музеј - Благоја Атанасоски, да ги краси просториите во Меморијалниот музеј „11 октомври“  (Участакот), таму каде што припаѓа, до бистата на Јосип Броз - Тито, која исто така беше вратена на своето место.
Орденот „Народен херој“ беше доделен на Прилеп на 7ми Мај 1975 од претседателот на тогашната СФРЈ - Јосип Броз - Тито

 

 

 

Одбележување на „Недела на детето“ во НУ Завод и Музеј Прилеп, во соработка со Детска градинка „Наша иднина“ - Прилеп

Едукативна интерактивна активност „Што има во музејот“