Со формирањето на Народниот музеј во Прилеп како самостојна институција за чување и презентирање на целокупното духовно и материјално наследство, во негови рамки работи и Одделението за етнологија. Првиот званично заведен предмет во Инвентарните книги на Одделението за етнологија е на 9.01.1956 година.

 

 Но, одделението од 1960 година, кога си заминува единствениот етнолог, па се до 1987 година не е активно во целост, освен повремените откупи или поклони на предмети поврзани со нашето поблиско минато. Од 1987 година со вработување на етнолог активноста на одделението се зголемува преку поинтензивен откуп на етнолошки предмети, евидентирање на истите, теренски истражувања и бројни изложби, со кои се привлече вниманието на пошироката јавност за овој оддел во НУ Завод и Музеј - Прилеп. Од 1994 година и истражувањата за духовната култура се интензивираат. Денес Одделението за етнологија е поделено на Реферат за материјална култура и Реферат за социјална и духовна култура.