Рефератот за нумизматика во рамките на Одделението за археологија ги прибира, обработува и чува монетите откриени при археолошките истражувања и рекогносцирања, како и откупените монети од доносителите од теренот. При откупот на монетите посебно внимание се посветува на тоа да се забележат основните податоци за местото каде се тие пронајдени, како и околностите под кои тие се откриени, со што би се добиле повеќе вредни податоци за движењето на монетите во односното време.

Во нумизматичката збирка се чуваат вредни монети изработени, односно ковани во злато, сребро и бронза, претежно од поширокото подрачје на Прилеп.

Најзастапени монети се монетите на македонските кралеви, монети од римските подоцнежни императори, монети од Византискиот период, додека поретки се монетите на српските средновековни кралеви и венецијанските дуждеви.

СРЕБРЕНИ МОНЕТИ ОД НУМИЗМАТИЧКАТА ЗБИРКА

02-39mk_t02-40mk_t02-41mk_t02-42mk_t02-43mk_t02-44mk_t02-45mk_t02-46mk_t

ЗЛАТНИ МОНЕТИ ОД НУМИЗМАТИЧКАТА ЗБИРКА

 02-47mk_t02-48mk_t02-49mk_t02-50mk_t