02-15mk_tЗаради својата недоволна екипираност, НУ Завод и Музеј - Прилеп во почетните години од своето постоење како Народен музеј вршел само мали, заштитни археолошки истражувања, како што се оние на доцноантичката некропола Бостаниште кај село Алинци, хеленистичко-римската некропола Гумење кај манастирот Трескавец, доцноантичките некрополи Ташачица и Бакалица кај Варош, комплексот Маркови Кули и други.

02-16mk_t

 

Наодите од овие и други некрополи се првите експонати во Античката збирка на музејот, а во неа исто така се евидентирани и други археолошки предмети донесени по пат на археолошки рекогносцирања, откупување, поклонување и сл.

Првите поголеми археолошки истражувања се извршени во 1959 година на локалитетот Бедем кај село Чепигово, односно античкиот град Стибера, со кои е откриен уште еден помал дел од урбаниот комплекс Гимназион.


02-17mk_tВо прилепскиот регион евидентирани се хеленистички гробници издлабени во карпа, т.н. “Македонски гробници “ на повеќе локалитети: Сурун потег Тумба, Испраена плоча, Големи камења, Грло и Тумба во атарот на Горно село, Крклари, Караташ и Дабоиќ во близина на Прилеп, Гумење кај манастирот Трескавец и Разбојна дупка кај село Алданци. Во 1959 година истражени се две гробници во Крклари и една на локалитетот Испраена плоча, каде во 1992 година е истражена уште една. Заедничко за сите овие гробници е следново : гробна комора, помала комора и дромос (ходник). Покојниците биле главно спалувани, а нивната пепел за едно со гробните прилози биле ставани во правоаголни корита издлабени во дното од гробната комора. Прилозите се скромни и се состојат од керамички садови, накит, теракота со претстава на божицата Артемида и теракотна кутија. Набројаните гробници се подоцнежни во однос на оние од Долна Македонија, односно егзистираат од доцен III до втората половина на II век од ст. е.



02-18mk_t

 

Во текот на 1964 година извршени се заштитни сондажни истражувања на локалитетот Градиште кај село Дебреште, при што е констатирано дека локалитетот континуирано бил населен од Праисторијата па се до крајот на XIV век. Во повеќе археолошки кампањи на овој локалитет се откриени делови од населба со тврди градби од II и I век ст.е., градби од римскиот период, градби од доцноантичкиот период, тврдина со кружни и правоаголни кули од пред и после јустинијанскиот период, како и доцнохристијанска базилика. Движниот археолошки материјал од овој локалитет е мошне богат и се состои од разни форми на садови од печена земја, накит од злато, сребро и бронза, како и алат и прибор за работа од метал.

02-19mk_tСо археолошки истражувања на локалитетот Пештерица во близина на село Ореовец, во 1964 година е откриена Villa rustica, ѕидана во камен и варов малтер и некропола што & припаѓала на оваа вила од доцноантичко време, односно на крајот на III и целиот IV век н.е. Во гробовите од оваа некропола откриени се вредни гробни наоди на керамички садови, како и накит од злато, сребро и бронза.02-20mk_t

На локалитетот Калдрма во близина на Варош со археолошки ископувања во 1968 и 1969 година е откриена голема некропола. Откриени се 35 гробови со мали димензии и различни конструкции и остатоци од спалени покојници. Од наоди преовладуваат фибули од “малоазиски” тип, а евидентирани се бронзени и сребрени белезици, двојни бронзени игли од “требенишки” тип, прстење исто така од бронза, како и копја и криви ножеви од железо. Според карактеристиките на наодите оваа некропола хронолошки припаѓала на V и IV век од ст. е.

02-21mk_tВо неколку наврати вршени се сондажни археолошки истражувања на локалитетот Поткули во Варош, при што се откриени две некрополи од подоцнежниот хеленистички период, богати со гробни прилози од накит и керамички садови.02-22mk_t

Од 1983 до 1990 година вршени се истражувања на локалитетот Задна Река кај село Витолиште во Мариово, при што е откриен дел од станбена населба со некропола од доцноантичкиот период, со делови од занаетчиски работилници за лиење и ковање на железо и бронза. Врз остатоците од оваа доцноантичка населба во средниот век се формирала некропола.

02-23mk_tВо неколку кампањи од 1991 до 2002 година на локалитетот Трпчева Црква кај село Дуње во Мариово, паралелно со истражувањата на словенската некропола, истражувани се и остатоци од доцноантичка населба. Истражена е ранохристијанска базилика, врз која во средниот век се формирала некропола, а во нејзина непосредна близина голем стопански објект со систем на базени и магацин со питоси. Овие објекти се дел од населба која егзистирала на овај простор од крајот на IV до почетокот на VI век. Претпоставуваме дека се работи за дел од населбата Достонеа, која обединувала повеќе населени места околу еден заеднички административен центар.02-24mk_t

Стибера е еден од најзначајните антички локалитети на територијата на Прилеп и поширо. Со археолошките истражувања врз остатоците од овај антички град вршени во 1953 година од страна на Археолошкиот Музеј од Скопје откриени се храмот на богинката Тихе и јавната градба Гимназион. Во 1959 год. Народниот Музеј од Прилеп продолжува со истражувања на делови од Гимназионот. Со овие истражувања, особено во 1953 година, покрај остатоците од градби, откриен е голем број на мермерна пластика, меѓу која се издвојуваат 13 портретни и 4 култни статуи во природна големина.

02-25mk_tОд 1984 година отпочнато е со мали ревизиони археолошки истражувања на архитектонските објекти од античкиот град Стибера, откопани во 1953 година, со цел истите да се дооткријат и заштитат од понатамошно пропаѓање. Консолидиран и конзервиран е римскиот храм посветен на заштитницата на градот, богињата Тиха, кој бил обновен во II век од н.е., а потоа етапно е работено на консолидација и конзервација на урбаниот комплекс Гимназион.02-26mk_t

На објектите од Гимназионот досега се извршени конзерваторско реставраторски работи на неговото југозападно крило, при што во основа е изведен и конзервиран перистилот, проатриумот и екседрата, кои се градени од камен и варов малтер.

02-27mk_tВо 2001 година при ревизионите археолошки истражувања на секторот антички храм, западно од влезот на храмот најдено е мермерно торзо на ефеб во природна големина. Во 2004 година отпочнати се археолошки истражувања на просторот западно од објектот Хероон, со цел да се дефинира северозападниот дел од Гимназионот. На овај релативно мал простор покрај неколкуте делови од архитектонска пластика најдени се една култна и две портретни мермерни скулптури.02-28mk_t

Досега од овој антички град е истражен само еден мал сегмент, меѓутоа добиена е најбројната мермерна пластика на култни и портретни скулптури на територијата на Република Македонија. На оваа античка населба се следи континуиран живот од IV век ст.е. до средината на III век н.е., меѓутоа градот го доживува својот најголем подем во римскиот период, посебно во време на владеењето на Антонините и Северите (96 до 235 год. н. е.), на чии период припаѓаат и најбројните наоди на мермерни скулптури. Репрезентативната мермерна пластика го одразува економскиот и културниот развој на античкиот град Стибера и го одредува неговиот статус како важна дестинација во римската провинција Македонија.

02-29mk_tВо 2004 година на локалитетот Ридот кај село Мажучиште со заштитни археолошки ископувања откриени се остатоци од градба, која според собраниот движен археолошки материјал се датира во хеленистичко време, односно во III и II век ст. е.02-30mk_t

02-31mk_tВо годините кога не се вршени систематски археолошки истражувања, прибрани се доста археолошки предмети од античко време и тоа по пат на археолошки рекогносцирања, како и при заштитни превентивни интервенции на локалитетите врз кои се вршени земјоделски работи од страна на сопствениците на аграрните површини, или пак државни инвестициони работи.