02-15mk_tЗаради својата недоволна екипираност, НУ Завод и Музеј - Прилеп во почетните години од своето постоење како Народен музеј вршел само мали, заштитни археолошки истражувања, како што се оние на доцноантичката некропола Бостаниште кај село Алинци, хеленистичко-римската некропола Гумење кај манастирот Трескавец, доцноантичките некрополи Ташачица и Бакалица кај Варош, комплексот Маркови Кули и други.

02-16mk_t

 

Наодите од овие и други некрополи се првите експонати во Античката збирка на музејот, а во неа исто така се евидентирани и други археолошки предмети донесени по пат на археолошки рекогносцирања, откупување, поклонување и сл.

Првите поголеми археолошки истражувања се извршени во 1959 година на локалитетот Бедем кај село Чепигово, односно античкиот град Стибера, со кои е откриен уште еден помал дел од урбаниот комплекс Гимназион.